Бремена пејачка убиена на семејна прослава

Пакистанската пејачка Самира Синдху е убиена сред настап на семејна прослава зашто еден од гостите сакал таа да стои додека пее. Пејачката била во осмиот месец од бременоста, па седела за време на настапот.

Додека пеела еден од присутните гости почнал да вика по неа да стане и да пее стоејќи. Таа се извинила дека не може да стои, по што мажот испукал три куршуми во неа. Пејачката починала на самото место.

Во Пакистан вчера се одржуваа протести, а протестантите бараа правда за убиената пејачка. Полицијата уапсила еден маж, а демонстрантите бараат да бидат уапсени уште двајца мажи кои биле во непосредна близина на 28-годишната Самира.

Пејачката била многу популарна во Пакистан. Имала издадено два албума.

Scroll to Top