„Бриџертон“ е најгледаната серија во историјата на „Нетфликс“

Историската драма „Бриџертон“, работена според книгите на Џулија Квин, стана нагледаната серија во историјата на „Нетфликс“. Серијата била гледана во 82 милиони домаќинства во првите 28 дена откако била ставена на стриминг-сервисот и ги надминала очекувањата на компанијата.

Таа е најгледана содржина на „Нетфликс“ во 83 земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Индија, Франција и Бразил.

„Ова се луди вести. Многу сум горда на неверојатниот тим кој стои зад серијата“, изјави една од ѕвездите на серијата, Фиби Дајневор.

„Бриџертон“ е сместена во Лондон во почетокот на 19 век. Станува збор за адаптација на серија романтични романи на Џулија Квин и го следи животот на семејството Бриџертон во високите кругови на Лондон. Од „Нетфликс“ најавија дека серијата ќе има и втора сезона.

Scroll to Top