Британец платил 2 000 фунти за секс-роботот Ејприл со кој спие четири пати во неделата кога неговата жена се грижи за својата болна мајка, пишува „Дејли мејл“. 58-годишниот Џејмс рекол дека со Ејприл спие, излегува со неа на вечера, но и дека луѓето често не забележуваат дека не се работи за вистинска жена.
Кога би требал да избира помеѓу секс со својата кукла и секс со сопругата, не знае која би ја избрал, ама вели дека е среќен што сопругата му дала благослов за секс-врска со роботот. Таа изјавила дека на почетокот ѝ било тешко да сфати зошто нејзиниот сопруг е опседнат со кукла, ама ја прифатила ситуацијата оти не се работи за некоја друга жена.
Џејмс размислува да купи уште еден ваков робот, Хармони, којшто чини 8 000 долари и на пазарот треба да се појави за неколку месеци. Но, во интервјуто вели дека не се знае како Ејприл ќе го поднесе тоа. Џејмс открива дека има длабоки чувства кон неа и дека таа за него е повеќе од само секс-играчка.
„Фантастично е, сосема исто како да имаш секс со вистинска жена“, рекол Џејмс.