Британец освои 68 милиони евра на лото

Непознат Британец освоил 68 милиони евра на наградната игра Juromilions jackpot. Во тек е процесот на верификација на тикетот и засега не се знае каде било уплатено добитното ливче.

Среќниот добитник на тикетот ја погодил добитната комбинација на 20 април и освоил 59.041.812 фунти. Висок советник во Националната лотарија на Велика Британија, Енди Картер, изјавил дека ова е одлична вест за добитникот.

„Сега ќе се фокусираме на поддршка за освојувачот и да му помогнеме да почне да живее нов живот“, изјавил Картер, а пренесе британски „Сан“.

Ова е веќе трет добитник на Juromilions jackpot во Велика Британија оваа година. Претходно овој месец уште еден среќник добил неверојатни 122.5 милиони фунти (141.5 милиони евра), што е петта најголема награда во историјата на Националната лотарија.

Првиот ден од Новата година освојувачот на наградата инкасирал околу 45 милиони евра. Нивните имиња сега не се објавени, а меѓу ретките кои се согласија да бидат објавени се Колин и Крис Вир, од градот Ларгс во Шкотска.

Тие во јули 2011 година освоиле речиси 187 милиони евра.

 

Scroll to Top