Пензионираниот адвокат Џефри Вулф поминал 306 дена во болница поради коронавирусот. Џефри се разболел на почетокот на годината, уште во првите недели од пандемијата, а вчера бил пуштен на домашно лекување.
Џефри е еден од малкумината кои поминале рекордно време во болница, лекувајќи се против опасниот вирус, пишува „Гардијан“. Првата фаза од неговото лекување траела 127 дена.
Џефри 67 ги поминал на респиратор. На крајот тој со аплауз бил испратен од болницата, а веднаш потоа бил пренесен на невролошка рехабилитација за говор и физикална терапија.
Поминал дополнителни 179 дена на рехабилитација. На крајот, бил пуштен дома.
„Беше пеколна борба. Неговата прва шега беше дека избрал тежок начин да ја прескокне последната година од мандатот на Трамп, но дека во секој случај вредело“, изјавил еден од неговите синови.