Британскиот парламент забрани бебиња да се носат на седниците

Британскиот парламент забрани да се носат деца на седниците, откако лабуристката Стела Криси го донла своето бебе на парламентарна дебата. Таа вели дека е можно да се комбинираат политиката и родителството и побара да се изменат правилата во парламентот.

Криси кажа дека редовно го носела својот син, кој е доенче, а порано и ќерката на седниците во долниот дом на парламентот. Откако со бебето дошла на работа пред неколку дена, Криси добила мејл дека тоа не е во согласност со неодамна објавените правила за однесување и учтивост.

Стела доби поддршка од вицепремиерот Доминик Раб, кој кажа дека политиката влезе во модерно доба и родителите можат да ја комбинираат работата со семејните обврски.

„Наводно, парламентот донесол правило дека не смеам да бидам на седниците со моето умно тримесечно поспано бебе. Мене нема кој да ми го чува бебето“, кажа Криси.

Во 2018, Џо Свинсон стана првата пратеничка која дојде со бебе на седница на британскиот парламент.

Scroll to Top