Британскиот премиер под истрага поради американска бизнисменка со која бил во врска додека бил градоначалник

Британскиот премиер Борис Џонсон се најде под истрага на полицските служби поради наводите за непримерно однесување, поврзано со девојката со која бил во врска додека ја извршувал функцијата градоначалник на Лондон.

Станува збор за американската бизнисменка Џенифер Аркјури, за која Џонсон не пријавил дека има блиски лични врски додека бил на функцијата градоначалник. Градската влада на Лондон, денес го предала предметот поврзан за Џонсон, со цел да биде покрената полициска интерна контрола.

Наводно Аркјури преку Џонсон успеала да испумпа од буџетот илјадници фунти јавни пари, а трошела и за свои лични патувања, нешто за кое извештај правел и весникот „Сандеј Тајмс“.

На прашањето поврзано за предметот, портпаролот на Џонсон за „Ројтерс“ објаснил дека премиерот, кога бил градоначалник на Лондон ги почитувал сите процедури и дека сè е направено пристојно и на нормален начин.

Аркјури досега не дала никаков коментар на прашањата на „Ројтерс“, испратени преку електронска пошта. Предметот е испратен до Телото за полициска интерна контрола.

На основа на предметот, Телото ќе утврди дали постои основа за покренување на целосна истрага која би можела да доведе и подигнување на кривична одговорност за непримерно однесување за време на извршување на јавна работа.

Scroll to Top