„Британскиот принц ме натера на оргија“, Вирџинија Робертс раскажа за сексуалното малтретирање

Вечерва на Би-би-си ќе биде прикажано интервју со Вирџинија Робертс, жената која тврди дека била принудена на сексуален однос со принцот Ендру во време кога тој бил близок пријател на милијардерот педофил Џефри Епстајн.

Вирџинија, која тврди дека и двајцата ја силувале кога имала само 17 години, изнесе тешки обвинувања на сметка на синот на кралицата Елизабета, кој се повлече од сите кралски должности поради скандалот со Епстајн.

Кралицата  ја исфрли од Бакингемската палата и неговата канцеларија, а многумина сметаат дека принцот повеќе никогаш нема да им се врати на кралските обврски.

Робертс за Би-би-си раскажа одвратни детали за односот со принцот.

„Ми рекоа дека морам да го усреќам и него и Џефри. Не можев да кажам не оти Епстајн тоа го очекуваше од мене. Принцот Ендру беше ужасен додека танцувавме и цело време се потеше. Неговата пот постојано капеше врз мене“, вели Вирџинија, која тврди дека со Ендру спиела неколку пати, а во една пригода учествувале и во оргија.

Scroll to Top