Бројот на коали во Австралија се намалил 30 отсто за три години

Во изминатите три години Австралија изгубила 30 % од својата популација на коали како последица на суши, пожари и развојни проекти, објави Австралиската фондација за коали. Оваа независна непрофитна група вели дека бројот на коали се намалил на 58.000, а во 2018 ги имало над 80.000. Најголемиот пад од 41 % е забележан во сојузната држава Нов Јужен Велс, која беше погодена од големи пожари во 2019 и 2020 година.

„Намалувањето е доста драматично. Неопходно е да се преземе акција. Бројките се вистински, а можеби се и полоши од она што мислиме“, изјави шефицата на Фондацијата, Дебора Табарт.

Во само една област имало повеќе од 5.000 коали, а во некои ги имало најмногу десет. Табарт вели дека на Австралија ѝ треба закон за заштита на коалите.

 

Scroll to Top