Четиринаесетгодишната Кејти Мекејб од Тошам, со својата едрилица ја обиколи цела Велика Британија. Таа почнала со пловидбата на крајот на јуни од Ексмаут, а се вратила на 21 август попладнето. Пловела со дрвената едрилица Фаланда, а на целта ја дочекале голем број луѓе.
Таа поминала 1.600 наутички милји, односно околу 3.000 километри, пренесува „Би-би-си“. Со неа бил и нејзиниот татко Дејвид Мекејб, но само поради безбедносни причини. И двајцата пловеле во спротивна насока од стрелките на часовникот, но, целото време самата управувала со едрелицата.
Кејти успеала да собере 1.000 фунти и истите да ги донира во добротворни цели. Таа се обидува да ја подигне свеста кај луѓето за загадувањето на морето и собирала пари за две добротворни организации, вклучувајќи ја и Sea Sheperd од Британија.
Кејти, која на почетокот имала за цел да собере 6.000 фунти, досега успеала да собере повеќе од 10.000. Таа вели дека веќе размислува за следниот предизвик.
„Елен Мекартур е неверојатна, исто како и Лора Декер и би сакала да направам нешто како нив, така што тркањето е можеби нешто што би го направила следно“, вели таа.
Во моментов официјално, како најмлада личност која ја обиколила Велика Британија со едрилица, се води Тимоти Лонг, која минатата година го обиколи островот со само 15 години. Сега Кејти се надева дека ќе го сруши овој рекорд.