Човек може да зарази домашен миленинк, тврдат експерти по ветерина

Експерти по ветерина им препорачуваат на сопствениците на мачки и кучиња да ги чуваат своите миленици во затворено за да се спречи ширењето на коронавирусот. Сепак, од Британската асоцијација на ветеринари велат дека не постои ризик од зараза од домашен миленик.

„Досега не постои ниеден единствен случај дека мачка или куче заразило човек со коронавирус“, вели д-р Анхел Алмендрос од Градскиот универзитет на Хонгконг.

Истражувањата имаат покажано дека мачка, сепак, може да го фати вирусот од друга мачка.

„Практикувајте редовна хигиена, чувајте ги мачките внатре. Избегнувајте непотребен контакт со своите миленици и не допирајте други кучиња кога сте во прошетка“, вели претседателката на Британската асоцијација на ветеринари, Даниела Дос Сантос.

Алмендрос посочува случај на 17-годишно куче од Хонгконг кое било заразено со коронавирус од својот сопственик.

„И покрај тоа што има позитивни тестови, животните не се разболуваат. Исто беше и во епидемијата на САРС во 2003 година, кога имаше доста заразени, но не и болни животни“, вели Алмендрос.

Откако неодамна имаше случај на заразена мачка во Белгија, кинески научници спроведоа лабораториски тестирања кои покажаа дека мачка може да зарази друга мачка.

„Третирајте го миленикот како член на семејството. Ако се разболите, подобро да немате контакт со него“, препорачува Алмендрос.

Scroll to Top