Чувањето домашни миленици наместо деца ни ја одзема човечноста, вели Папа Франциск

Папата Франциск за време на општата аудиенција во Ватикан, изрази жалење што домашните миленици „понекогаш го заземаат местото на децата“ во општеството. Тој изјави дека луѓето кои чуваат миленичиња наместо деца, покажуваат „доза на себичност“.

„Денес гледаме еден вид себичност. Гледаме дека некои луѓе не сакаат да имаат дете. Понекогаш имаат едно, и тоа е тоа, но имаат кучиња и мачки кои ги заменуваат децата. Ова може да ги насмее луѓето, но тоа е реалноста“, изјави папата.

Тој додаде дека сè повеќе луѓе забораваат нешто важно поради одлуката да имаат миленици, а не деца.

„Практиката на одрекување од татковството и мајчинството нè намалува, ни ја одзема човечноста“, заклучи поглаварот на Католичката црква.

Scroll to Top