Crocs ги затвора своите компании низ светот

By

Компанијата Crocs најави дека ги продава своите последни акции од компанијата, поради подобрување на профитабилноста. Познатиот бренд на гумени чевли потврди дека ќе ги затвори своите компании во Мексико и Италија, пишува Дејли Мејл.

dobivaj vesti na viber

Crocs досега има затворено 28 од своите 558 продавници, а до крајот на годината планираат да затворат уште 132. Уште не е објавено каде во иднина ќе се произведуваат овие гумени чевли.

Crocs соопшти дека оваа година се очекува фискален приход од околу 1,02 милијарди долари, нешто помалку од очекнувате 1,05 милијарди.

„Имаме своја позиција на пазарот“

Претседателот на управата Ендру Рис изјавил дека нивните чевли ќе продолжат да се продаваат и дека компанијата има своја позиција на пазарот.

„Очекуваме двознаменикаст раст на нашата е-трговија и умерен раст на велепродажните цени“, додал Рис.

Компанијата Крос е основана во 2002 година, во американскиот град Колорадо, а продавниците каде се произведуваат, се рашириле по светот. Отсекогаш биле присутни од Кина до Мексико. Ги има во Виетнам, Италија, Аргентина и Романија.

 

 

 

Ќе ви се допадне