„Пасворд продукција“ потврди летово повторно ќе има Д фестивал во Дојран, по едногодишна пауза, кој ќе се одржи на 13 и 14 август. Засега нема информации дали ќе има гости од странство. Организаторите додаваат дека наскоро ќе бидат објавени сите детали.
На 31 јули и 1 август, во Охрид ќе се одржи фестивалот Аларм, при што е најавено дека на стадионот „Билјанини извори“ ќе настапат повеќе од 40 домашни изведувачи. Од утре ќе започне објавувањето на имињата на учесниците.
Фестивал со вакво име неколкупати досега се има одржано во Охрид, во автокампот „Љубаништа“, последен пат во 2010.
Фестивалската сцена почна да заживува и во регионот, па во Крагуевац во изминатите денови се одржуваше Арсенал фест, додека Нови Сад повторно ќе биде домаќин на Егзит.