Д-р Чадиковски: По 40 дена неизвесност, двете бебиња родени со најтешки срцеви мани си одат дома

По 40 дена борба и неизвесност, двете бебиња Раја и Мираче, родени со најтешки вродени срцеви мани, си одат дома. Кај нив беа изведени интервенции за транспозиција на големи крвни садови – TGA. Целиот тим на Детската кардиохиругија, предводен од доц. д-р Владимир Чадиковски, се грижеше по интервенцијата сѐ да помине како што треба. По 40 дена низвесност, конечно солзи радосници.

„По 40 дена борба, две бебиња (2,2 и 2,8 кг), со најтешки вродени срцеви мани – транспозиција на големи крвни садови (TGA) – си заминуваат дома. Им посакувам да имаат убаво и среќно детство. Браво за целиот тим“, вели доктор Чадиковски.

Од болницата „Аџибадем Систина“, која ја споделија и веста, велат: Среќен ден на одделот за детска кардиохиругија. Солзи радосници и силни прегратки за малите Раја и Мираче. Двете бебиња, родени со најтешки вродени срцеви мани, кај кои беа изведени интервенции за транспозиција на големи крвни садови – TGA, денес си заминуваат дома. Борбата и неизвесноста на одделот траеја 40 дена, а од денес двете бебиња ќе уживаат во прегратките и топлината на своите семејства.

 

 

Scroll to Top