На штипјанката Ања Минова која беше хоспитализирана во клиниката „Жан Митрев“ потребно ѝ е да и се пресади срце на клиника во странство и за тоа се потребни средства.
„Ања беше сместена во „Жан Митрев клиника“, поради тоа што се наоѓаше во животна опасност. Лекарите откриле опасна бактерија која и го нападнала срцевиот мускул. Единствено таму ја имаше соодветната апаратура за подобрување на нејзината состојба. Средствата за успешно да се изврши третамнот беа собрани и таа е доведена во стабилна состојба.
Но, тоа не е доволно за Ања нормално да функционира надвор од клинички услови, нашата борба ќе продолжи со оперативен зафат во странска држава и ќе го спасиме животот на Ања. Мораме да веруваме до крај и нема да се откажеме.
„Се молиме од срце за срце за Ања“, се вели во апелот на социјалните мрежи.
Броеви за донации
Т-Мобиле 143 131
Хуманитарна сметка 300081000002132