Дадилка донирала орган за да го спаси животот на малата Талија

By

Американката Кирстен Милс (22) од Њу Џерси ѝ го спасила животот на деветмесечната Талија, девојчето кое таа била ангажирана да го чува, донирајќи и дел од својот црн дроб.

На малата Талија и била дијагностицирана билијарна атрезија, која предизвикува прекин на работата на црниот дроб, а третманите кои и биле направени не ги давале посакуваните резултати. Милес која во тие моменти завршувала факултет, била ангажирана од страна на родителите на Талија, Џорџ и Фара Роско.

Додека ја чувала Талија, Милс не знаела за нејзината здравствена состојба. За три недели, период колку што ја чувала Талија, Милс премногу ја засакала и двете премногу се зближиле.

Во тој период лекарите ги предупредиле Џорџ и Фара дека нивната ќерка веројатно нема да го преживее вториот роденден, ако наскоро не добијат здрав црн дроб и не биде направена трансплатација. Кога дознала за тоа, дадилката решила да провери дали таа може да биде одговарачкиот донатор.

Милс сакала да се тестира и да види дали нејзиниот црн дроб ќе одговара за Талија. По направените тестови, се заклучило дека таа би можела да биде идеален донатор. Милс разговара со семејството за понатамошната процедура. Џорџ и Фара прично и објасниле дека донирањето на орган не е исто како и донирање на крв.

Тие сметале дека Милс не ја разбрала премногу сериозноста на ситуацијата, затоа што донирањето на орган вклучува долга операција, опоравување и носи одредени ризици. Милс сепак рекла дека знае во што се впушта и дека била сериозна во носењето на својата одлука.

Целата процедура траела 14 часа, а Киерстен минала недела дена во болница. Од таму излегла со лузна од 12,7 сантиметри, но за неа вели дека ова претставува мала жртва, за да малата Талија преживее. За цела среќа операцијата минала добро и двете брзо се опоравиле.

 

 

Ќе ви се допадне