Тибетанскиот духовен лидер, Далај Лама (85), ја прими првата доза од вакцината против коронавирусот. Тој се вакцинираше во болница во северниот индиски град Дармџала, јавија американските медиуми.
„Пријавете се за имунизација, ова е најдобриот начин да се заштиме од Ковид-19“, рече тој откако ја прими вакцината.
Болницата каде што беше вакциниран Далај Лама потврди дека се имунизирани уште десет лица кои живеат во неговата резиденција и сите ја примиле вакцината на Универзитетот во Оксфорд и британската „АстраЗенека”, произведена од Индискиот институт „Серу“.