Далматинскиот Хвар е четвриот најубав остров на светот

Популарниот светски магазин “Тајм аут“ објави листа на најубави острови во светот, меѓу нив е и далматинскиот Хвар, кој се најде на четвртото место.

Еве кои острови се најдоа на оваа листа:

1. Свети Вартоломеј, Мали Антили

Сент Бартс е вистински тропски рај. Сина вода, зајдисонце и мноштво јахти, а на ридот се наоѓа и прекрасна тврдина од седумнаесеттиот век. Овој мал карипски остров има долга историја, а разновидната архитектура на оваа вулканска земја е доволен доказ за тоа. Има разни гурмански ресторани и дизајнерски продавници.

2. Бора Бора, Француска Полинезија

Бора Бора, кој се наоѓа северозападно од Тахити е доста популарна дестинација за нуркање, а околу него има огромен неактивен вулкан.

3. Кејп Бретон, Канада

Овој остов е рај за авантуристите. Најпознат е по епската Каботска патека долга 298 километри, која има поглед на крајбрежјето. Овде има и голема статуа во вид на виолина која е вистинска атракција. А често посетителите можат да видат и понекој кит.

4. Хвар, Хрватска

Хвар има сè што може да посака еден далматински остров. Полн е со историски атракции и модерни капацитети, а краткото патување од Сплит е многу убаво само по себе. Брач, Крк, Првич и сите други хрватски острови заслужуваат внимание, но Хвар е во посебна лига.

5. Аруба, Кариби

На само 29 километри северно од Венецуела се наоѓа Аруба, каде живеат на нешто повеќе од 100.000 луѓе. Изобилува со бели песоци и прекрасни глетки, а тука се и енергичните уметнички фестивали и примамливата архитектура, како и ноќниот живот.

6. Искија, Италија

Термалните извори на Искија се апсолутен божји дар. Овој мал остров во Неаполскиот Залив секогаш кој ги привлекува луѓето на кои им е потребен вистински одмор и релаксација. Вреди да се посетат топлите извори од плажата Маронти на југ, а тука е и мешавината на старата архитектура и природната убавина на Искија на која ниту еден посетител не останал рамнодушен.

7. Палаван, Филипини

Честопати наведен како најпрекрасниот остров на планетата, Палаван е веројатно најромантичната точка што Филипините можат да ја понудат. Има неверојатна биолошката разновидност, со живи ѕверови кои создаваат магични шарени слики.

8. Галапагос, Тихиот Океан

Овие вулкански убавини се познати по ѕверови коишто се наоѓаат само овде. Тие ни ја дадоа теоријата на еволуцијата, па може да се каже дека се прилично важни.

9. Занзибар, Танзанија

Островот на кој што е роден легендарниот Фреди Меркјури е ризница од неверојатни места за нуркање и прекрасни плажи, обично на растојание една од друга. Непосредно од источниот брег на Африка, Занзибар изобилува со фасцинантни ресторани и многу забава. Тој е еден од најдобрите плажи на овој континент.

10. Кауаи, Хаваи

Хаваи е архетипичен тропски рај, а Кауаи можеби е најтропскиот рај од сите нив. Островот Гарден има тропски дождовни шуми, драматични карпи, прекрасни плажи и неверојатни планини; драма и историја спакувани во најмагичен амбиент.

11. Малдиви, Индиски Океан

Не сме сигурни дали Малдивите се официјално светски главен град на медениот месец, но дефинитивно има нешто романтично во овој архипелаг во Индискиот Океан што го прави магнет за нововенчаните. Изобилува со неверојатна глетка, тиркизните мориња и блескавите песоци. 

Scroll to Top