Дарко Рундек првпат на Антички во Охрид

Дарко Рундек на 15 август ќе одржи концерт на Антички во Охрид. Ова ќе биде прв концерт на Рундек со екипата во Охрид, а ќе го промовираат новиот албум „Брисани простор“.

„Големиот музичар ќе ги испее сите свои хитови, но и оние на еден од најкултните бендови во регионот на сите времиња – ‘Хаустор’“, велат организаторите на концертот „Авалон продукција“.

Оттаму додаваат дека капацитетот за овој концерт ќе биде намален, но во согласност со протоколите за одржување јавни настани на отворено. Во продажба ќе бидат пуштени 1.200 билети, кои ќе може да се набават онлајн на avalon.mk и преку продажната мрежа на „Авалон“ низ земјава. Билетите ќе чинат 1.000 денари за трибини, односно 1.500 денари за ВИП.

Scroll to Top