Вчера, на само неколку часа пред Католичкиот Божиќ, Дедо Мраз со санка ја прелета и нашата земја. Неговиот лет „Дедо Мраз“ е регистриран под името „ХО-ХО-ХО“, со тип на авион „санка“.
Неговата тура започна и заврши на северниот пол, а истата можеше и во живо да се следи преку „ФлајтРадар24“. Тој леташе многу побрзо од останатите авиони, за да може неколку пати да се врати на Северниот пол, да зема одново и одново подароци за да им ги раздаде на децата.
Тој прелета низ Македонија околу 17 часот, во југоисточниот дел, ги надлета Струмица, Виница, Берово, Пехчево и Делчево, и го напушти македонскиот воздушен простор упатувајќи се кон Бугарија.