Наместо осомничениот нарко дилер Иван Божовиќ од Хрватска, италијанската полиција го уапси лицето кое го носи истото негово име и презиме кое потекнува од Србија.
Мажот е осуден на 6,5 години затвор, од кои 17 месеци минал пред да биде утврдено дека се работи за погрешен човек. Италијанската држава, поради оваа грешка морала да плати 130 илјади евра оштета.
Божовиќ е уапсен на 25 декември 2012 година, на границата со Словенија. Истражителите имале информација дека се работи за човек по кого е распишана потерница. Поради тоа му е одреден истражен затвор, па набрзо потоа и испорачан во Италија. Во идните неколку месеци, против него е поведена и судска постапка, во која е прогласен за виновен поради учество во криумчарење на дрога, и казнет е со 6.5 години затвор.
Дури тогаш, 17 месеци по апсењето, утврдено е дека не се работи за Божовиќ, кој бил дел од криминалниот ланец, туку за човек со исто име и презиме. И двајцата е утврдено дека се родени на 28 декември 1970 година. Но, Иван Божовиќ кого го барала Италија, е роден во Хрватска, а оној кој е уапсен и осуден е роден во Србија.
До грешка во идентификацијата дошло поради тоа што во пасошот му бил наведен идентификационен број. Инаку станува збор за синот на поранешниот јавен обвинител во Сараево, кој е оженет со ќерката на поранешниот премиер, јавува ТGCom24.
Иако поради незаконското притворање барал оштета од 300 илјади евра, но со одлуката на судот во Милано, Божовиќ добил само 130.000 евра. Веднаш по апсењето тој негираше каква било поврзаност со останатите луѓе од криминалната група, уверувајќи ги истражителите и судот дека кон Италија тргнал како трговец. Во налогот за неговото апсење се наоѓале и докази собрани исклучиво за прислушувањето кое довело до идентификација на двете групи дилери на хашиш.