Денеска во Дојран ќе се одржи првото издание на Дојран Рок Фест, еднодневен фестивал на кој ќе учевствуваат 5 различни музички групи исклучиво од нашата држава и тоа Bad Obsession, High Voltage, Cruel, Daktili и The Chicks.
„Особено сме горди и посебно возбудени за овој проект бидејќи излегуваме од границите на градот Скопје и се упатуваме кон нашиот бисер на југот Дојран. Еднодневниот фестивал ќе се одржи на плоштадот во Стар Дојран“, соопштуваат организаторите на фестивалот.
Тие велат дека планираат овој фестивал да стане традиционален и да влезе во агендата на летни фестивали кои во екот на туристичката сезона ќе привлечат уште повеќе млади лица во Дојран.
Сите посетители мора да се придржуваат до мерките пропишани за одржување на јавни настани и одржување на пропишаната физичка дистанца.
Настанот е поддржан од Министерство за Култура.