Дете маскирано како Хитлер шеташе за 1 Април низ Скопје

На официјалната ФБ страница на Сити Мол, беше објавена фотографија на дете маскирано како Хитлер кое на 1 Април , кое било дел од маскембалот кој таму беше организиран. Според многумина ова била невкусна шега на неговите родители, а фотографијата предизвика бура од негативни реакции на социјалните мрежи.

„Можно ли е некој вака да си игра со своето дете“, пишуваат на социјалните мрежи.

Фотографијата во меѓувреме, е отстранета од ФБ страницата на Сити Мол.

Scroll to Top