Деведесет проценти од светскиот отпад доаѓа од 10 реки

Научниците откриле дека 90% од светскиот пластичен отпад пристигнува од само 10 реки, Осум се од Азија, а две од Африка.

Светските влади ширум светот се занимаваат со глобалните проблеми со пластичното загадување во океаните, а истражувачите откриле од кои речни системи најмногу отпад стигнува во морето.

Околу пет милијарди тони пластичен отпад плови во морето, а најголем виновник за тоа се реките Јангце и Ганг, кои, како што тврдат научниците, носат речиси половина од тој отпад.

Германскиот Центар за истражување на животната средина Хелмхолц, како најефикасен начин за намалување на количината на пластика во океаните, предлага проблемот да се решава низ критичните пловни текови кои се одговорни за тоа.

Истражувачите кои пристигнале до ова откритие првото предупредување го издале во текот на минатата година, истакнувајќи дека таквата ситуација не смее да продолжи.

„Поради тоа што е невозможно да се исчисти целиот пластичен отпад што веќе се наоѓа во океаните, мораме да преземеме некакви мерки за брзо и ефикасно да се намали приливот на нова пластика“, навел доктор Кристијан Шмит, хидролог од Хелмхок.

Неговиот тим ги анализирал податоците за остатоците од 79 локации со земање примероци од 57 реки.

Кинеската река Јангце била најголем загадувач. Секоја година во Жолтото Море се исфрла околу 1,5 милиони тони пластика.

Истражувачите истакнале дека микропластиката особено може да му наштети на здравјето на морскиот живот, но целосното отстранување на отпадот е невозможно.

Реките кои носат најголем пластичен отпад во океаните се:

  • Јангце, Азија
  • Инд, Азија
  • Жолта Река, Азија
  • Хаи Хе, Азија
  • Нил, Африка
  • Ганг, Азија
  • Бисерна Река, Азија
  • Амур, Азија
  • Нигер, Африка
  • Меконг, Азија

 

 

 

Scroll to Top