Девојче кое го изгуби окото како последица од рак, доби исто зајаче за да не се чувствува различна

Џесика Себастијан од Северна Каролина, САД, им го менува животот на децата и им ја зголемува самодовербата, така што прави кукли кои личат на нив.

Пред четири години, таа беше трогната откако една мајка побара од неа да направи зајаче со едно око за нејзината ќерка Брин за да може да се поврзе со него и повеќе да не се чувствувала поразлично од другите девојчиња.

Родителите на Брин забележале  дека ѝ се спушта очниот капак неколку недели по нејзиниот прв роденден. Ја однеле на лекар, каде ѝ бил  дијагностициран тумор зад левото око. Се работи за редок тумор, кој се нарекува „недиференциран сарком“.

Лекарите предложиле да ѝ го остранат окото, по што девојчето имало неколку операции, а подоцна  шест недели дневно зрачење за да ги искорени клетките на ракот.

Нејзините родители како подарок за третиот роденден на Брин ја изненадиле со уникатен подарок што многу ја израдувал.

Џесика била возбудена кога го здогледлаа насмеаното девојче како цврсто ја држи куклата в раце. Таа објави фотографија од неа на социјалните мрежи, каде ја сподели приказната на Брин.

„Правам кукли, што не е некаква херојска професија. Но, неодамна, ме замолија да направам кукла за мало девојче кое е суперхероина. Една мајка ме контактираше и побара да направам кукла зајаче со едно око за нејзината 2-годишна ќерка која обожава животни и го изгуби нејзиното лево око поради рак. Девојчето започна да забележува дека е различно и нејзината мила мајка читаше статии за тоа колку е полезно и терапевтско да пронајде кукла која ќе биде иста како детето. Сакаше нејзината ќерка да има кукла која ќе изгледа исто како неа и ќе го има само десното око. До ден-денес мислам дека никој не побарал од мене да создадам нешто толку нежно и значајно. Ова е неодоливото девојче на нејзиниот трет роденден, го гушка своето еднооко зајаче, кое е исто толку убаво и совршено како и самата таа. Мојот омилен дел од фотографијата е дека носи ноќница од Wonder Woman (Жената чудо). Тоа совршено ја претставува силата и храброста на оваа мала суперхероина“, напиша таа.

 

Scroll to Top