Девојката на Доналд Трамп Јуниор е позитивна на коронавирус

Девојката на синот на американскиот претседател Доналд Трамп Јуниор, Кимберли Гилфојл е позитивна на коронавирус, пишуваат светските медиуми. Кимберли веднаш била ставена во изолација откако дознале дека има вирус.

Ова го изјавил во јавноста Серџо Гор, шефот на Одборот за финансии на Доналд Трамп. Тестот кој го направил Доналд Трамп Јуниор засега е негативен.


На денот во кој во седум американски сојузни дражви е забележан рекорден број на новозаболени од Ковид-19, пандемијата е се поблиску во кругот на американскиот претседател Доналд Трамп. Кимберли Гилфојл е дел од изборната кампања на Доналд Трамп.

Доналд Трамп Јуниор иако не е позитивен на коронавирусот, ги има откажано сите состаноци и веднаш се повлекол во изолација.

„Кимберли не беше во контакт со претседателот Трамп. Иако Доналд Трамп Јуниор беше во контакт со татко му, нема прична за зстрав дека претседателот ќе биде заразен, затоа што и син му е негативен“, изјавил член близок до семејството на Трамп.

Кимберли не е првата личност блиска до претседателот која е позитивна на вирусот. Припадник на морнарицата кој служел како еден од личните чувари на Трамп, бил тестиран позитивно на коронавирусот во мај.

Scroll to Top