Гимнастичарката Алина Кабаева, девојката на Владимир Путин, го предизвика вниманието на медиумите во Русија кога на гласањето за претседателските избори се појави со свршенички прстен. Иако свршувачката не е потврдена, медиумите веќе некое време шпекулираат дека се свршени. Други одат дотаму што велат дека се венчале во тајност и дека имаат деца, но дека тоа го кријат од јавноста.
Алина и Путин се во врска од 2008 година. Оттогаш Алина не е фотографирана со ниту еден маж, секогаш сама или со пријателки.
Путин пред четири години беше венчан со Људмила Путина, а официјално се разведоа во 2014 година.