Џејми Оливер нема пари за вработните, 1300 луѓе остануваат без работа

Познатиот британски готвач Џејми Оливер признал дека повеќе не може да ги извршува своите финансиски обврски кон вработените, со што ги стави во прашање работните места на повеќе од 1000 луѓе кои работат во неговите ресторани.

Ланецот на ресторани сега е ставен под присилна управа со цел да се заштитат кредиторите, пренесе во вторникот „Ројтерс“. Британскиот готвач во октомври минатата година признал дека се соочува со големи загуби, по што бил принуден да прогласи банкрот. Оливер признал дека во период од две години изгубил околу 100 милиони евра.

Британскиот готвач открил дека кога влегол во овој бизнис, немал познавања и искуство во водењето на ресторани. Во тој период Оливер вели дека бил принуден да ја вложил целата своја заштеда од 13.5 милиони евра, со цел да го спаси бизнисот и со тоа да ја осигура работата на своите вработени.

Британските медиуми во вторникот објавиле дека Оливер и службено објавил дека не може повеќе да ги изврши своите финансиски обврски кон вработените. Британскиот готвач кој стекна планетарна популарност преку своето кујнско ТВ шоу, во 2008 година покрена ланец на италијански ресторани под името Jamie’s Italian.

Потоа се најде пред стечај. Оливер имаше проблеми со повеќе од 20 ресторани. Компанијата ја вклучува целата франшиза на италијански ресторани, како и петнаесет ресторани и ресторани Barbecoa лоцирани во Лондон.

„Многу изгубив. Всушност ништо немам оставено на страна. Не изградив безбедносна мрежа. Немав доволно знаење. Само уживав во животот, забавите и готвењето“, вели Џејми кога почнале проблемите.

Минатата година Џејми бил присилен да затвори дванаесет италијански ресторани и да отпуштат повеќе од 600 вработени. Оливер успеал да се спаси со финансиска инекција, но сепак не можел да го спречи пропастот.

Неговото лошо делување успеало да го упропасти ланецот на ресторани Recipeasе, а набзо потоа и Union Jacks. Недолго потоа, по десет години, престанал да излегува и магазинот Jamie.

„Жал ми е поради ваквиот исход и сакам да ѝ се заблагодарам на персоналот и снабдувачите кои го вложија срцето и душата во оваа работа, изминатата деценија“, напишал Оливер во изјавата за медиумите.

 

Scroll to Top