Џиџи Буфон со емотивна порака се прости од капитенот Астори

By

Голманот на италијанската репрезентација и на Јувеннтус, Џанлуиџи Буфон, со емотивна порака се апрости од капитенот на Фиорентина, Давиде Астори. Астори почина денес во сон во хотел во Удине.

„Здраво, мил Асто

Ретко пишувам вака јавно за некоја личност зашто секогаш сметав дека убавината и уникатноста на однос со некого не би требало на ваков начин да се покажува или да се фрла како храна на тие кои немаат чувства да почитуваат одредени врски.

Во твојот случај, чувствувам потреба да направам исклучок од моите принципи зашто имаш млада сопруга и членови на семејството, кои сега страдаат, а особено твојата ќерка која заслужува да знае дека нејзиниот татко во секоја смисла е СОВРШЕНА ЛИЧНОСТ… ГОЛЕМА СОВРШЕНА ЛИЧНОСТ.. беше најдобар приказ на светот, во кој вредностите како што се елеганцијата, едукацијата, образованието и почитта на другите беа темел на се.

Ти честитам навистина, беше еден од најдобрите спортисти кои сум ги сретнал.

Почивај во мир,

Твојот луд Џиџи,“ стои во пораката на Буфон.

Поради смртта на Астори беа откажани сите натпревари во Серија А за да му се оддаде почит на фудбалерот.

Ќе ви се допадне