Дигиталната уметност ѝ подари ново лице на делото Мона Лиза

Кога некој ќе спомне сликање, како вид на уметност, прво на што повеќето луѓето помислуваат е познатата слика „Мона Лиза“.

Тоа секако не е ни малку чудно, затоа што оваа слика ја краси мистичната насмевка, монументалниот состав и е секако дело на познатиот уметник. Сликата ја прикажува (иако никогаш 100% не е докажано) сопругата на Франческо дел Џиокондо, а името на дамата на сликата е Лиза Џерардини.

Леонардо Да Винчи на оваа слика посветил цели три години, а последниот потез го направил во 1506 година. Се смета дека „Мона Лиза“ е најпознатото, најпосетуваното, најопеаното и секако најграндиозното уметничко дело на светот. Токму овие црти им даваат повод на новите уметници и понатаму оваа слика да ја обработуваат и прикажуваат на свој начин.

Оригиналната, познатата слика „Мона Лиза“ се наоѓа во Париз во познатиот музеј кој го носи името Лувр, а денес таа е наша тема на необичен начин. Дигиталните уметници си даваат себеси одврзани раце при интерпретацијата на сопственото доживување врз познатата слика. Накратко, тие направиле дигитални мали верзии на сликата која ги фасцинира многумина и години по своето настанување.

Имајќи предвид дека препознатливата слика „Мона Лиза“ може да се види насекаде. Организиран е натпревар под името Design Crowd кој им дава можност на заинтересираните ученици да ги покажат своите вештини при користењето Photoshop и ги демонстрираат на познатата слика „Мона Лиза“. Голем број ученици биле заинтересирани да го прикажат својот талент, а како што и самите можете да видете во нашата галерија, се чини дека Мона Лиза не му била муза само на Да Винчи.

Scroll to Top