Компанијата „Верве Логик“ ќе им даде слободни денови на своите вработени за да можат да ја гледаат последната сезона од популарната шпанска серија „Каса де папел“. Директорот на компанијата преку порака на Твитер на своите вработени им се заблагодари за напорната работа за време на пандемијата, па рече дека е во ред да се направи пауза од време на време.
„3 септември го прогласувам за неработен ден, поради премиерата на последната сезона на серијата ‘Каса де папел’,“ стои во пораката.
Have Been Going Over the Love We have Received.!
Yes it is real and we are absolutely happy to announce an off on 3rd September naming it to be "Netflix & Chill Holiday" on the release of final season of #MoneyHeist @NetflixIndia– Please don't end this one! "Kehdo Ye Juth Hai"❤️ pic.twitter.com/M9RmFbZPOi— Verve Logic (@VerveLogic) August 30, 2021
Последната сезона од популарната серија има десет епизоди и ќе се прикажува на Нетфликс. Таа ќе биде поделена на два дела по пет епизоди. Првите ќе имаат премиера на 3 септември, а последните пет епизоди од оваа серија ќе бидат достапни на 3 декември.
„Каса де папел“ е шпанска криминалистичка серија на Алекс Пина. Серијата следи две долго подготвувани кражби на шпанските трезори со пари, а тимот го предводи Професорот.