Директорката на московскиот театар поднесе оставка: Не можам да работам за убиец

Директорката на државниот театар во Москва, Елена Ковалскаја, јавно го нарече рускиот претседател Владимир Путин убиец и објави дека се повлекува од функцијата во знак на протест поради воениот напад на Русија врз Украина.

„Пријатели, во знак на протест против руската инвазија на Украина, поднесувам оставка. Не можете да работите за убиец и да добивате плата од него. Ќе ги доведам моите проекти – оние што ги иницирав – до крај, на доброволна основа“, објави на Фејсбук директорка на театарот Мејерхољд Центар.

Во меѓувреме, театарот кој е именуван по починатиот руски драматург Всеволод Мејерхољд, исто така се огласи на Фејсбук.

„Не можеме да молчиме за ова. Ни останува само ова да кажеме: „Не на војната“, се вели во објавата на социјалните мрежи. Војната е многу повеќе од непочитување кон една личност и многу пострашна. Војната е смрт на личноста, тоа е убивање луѓе“, велат од театарот и ѝ се заблагодарија на Ковалскаја за нејзината храброст.

Scroll to Top