Дневен хороскоп за 1 јануари 2019 година

Овен (21.03 – 20.04)

Премногу ве исцрпува лошата ситуација во домот или на работа. Вашите обиди да ја истерате правдата и на некој нешто да му докажете можат да ве доведе до непријатна ситуација. Имате тенденција максимално да го затегнете односот со партнерот. Можни се проблеми со бубрезите.

Бик (21.04 – 21.05)

Искористете го сплетот на позитивни околности и направете нешто што одамна сте планирале или сакале. Во љубовта сте малку незаинтересирани и ладни, што може лошо да се одрази на вашиот однос со партнерот. Поведете малку повеќе сметка за здравјето.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Променливи сте и енергични. Поседувате способност да управувате со други лица. Имате добар тим на соработници. Можна е љубовна средба со енергично но сензибилно лице. Имате здравствени проблеми, кои упорно ги игнорирате.

Рак (22.06 – 22.07)

Вложете во надградбата на знаењето, елиминирајте ги предрасудите и сфатите дека никој не ви е виновен за ситуацијата во која се наоѓате. Затоа, наместо да ги обвинувате другите и да му се предавате на депресивното расположение, многу подобро е да бидете самокритични и подготвени за храбро противставување на ограничувачките фактори.

Лав (23.07 – 22.08)

Не треба да ги идеализирате нештата и да чекате можностите за постигнување успех да пристигнат на експресен начин, туку со храбар и активен пристап тргнете кон одблокирањето на статус кво ситуацијата. Ѕвездите укажуваат дека не е добро да зависите од туѓите ветувања и сугестии, зашто досегашното искуство ве научи излезот од кризата да го постигнете со сопствени сили.

Девица (23.08 – 22.09)

Намалете го трошењето на пари на беспотребни нешта. Во љубовта разочарани сте од постапките на саканото лице. Не претерувајте со вашите реакции, бидете посмирени.

Вага (23.09 – 22.10)

Преокупирани сте со различните обврски, па никако не можете да се опуштите. Време е подобро да го организирате своето време. За слободните почнува идеален период за љубов.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Новиот деловно-финансики успех делува како голем поттик за вас и вашата околина. Во љубовта потрудете се да ги остварите своите емотивни намери или да придобиете нечија наклонетост.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Сакате да бидете најдобри и секогаш да добивате пофалби. За тоа ќе мора малку повеќе да се потрудите. Планот кој сте го смислиле во врска со љубовта, ќе ви се оствари.

Јарец (22.12 – 20.01)

Ова ќе ви биде лабав ден по новогодишната забава. Во наредниот период ќе добиете повик од повеќе страни во врска со работа и тоа ќе ви ги промени плановите. Би требало да повикате некоја Риба на посериозен разговор.

Водолија (21.01 – 19.02)

Чувајте се од превртливи луѓе. Би било добро да не полимизирате премногу, туку вашата енергија да ја насочите кон некое лице кое ве иритира. Можна е авантура со некој Рак. Не претерувајте со слатките.

Риби (20.02 – 20.03)

Засега можете да очекувате мала пауза во работата, па посветете му се на одморањето бидејќи нема да имате премногу обврски. Можно е да ви се допаѓа личност која неодамна сте ја запознале но не сте сигурни како да и пријдете.

Scroll to Top