Дневен хороскоп за 10 август: Бикот има големи очекувања, Рибите ќе сe ослободат од непријателите

Овен

Тешко ќе наоѓате рамнотежа во приватните односи. Повлечете се, смирете се и бидете трпеливи и реални. Вашите деловни желби ќе бидат едно, а реалните можности нешто друго. Сепак, ако почнете да го работите она што најдобро го знаете, резултатите ќе ве расположат.

Бик

Ќе направите куса пауза од љубовните очекувања и тоа ќе биде добро. Но, ниту самите нема денеска да најдете душевен мир. Попладне ќе добиете информација дека еден извор на пари е прекинат или дека е откажана работата што би ги донела. Немојте да тагувате.

Близнаци

Додека вие сакате со цела сила, расте нетрпението кај вас. Ќе мора малку подобро да се контролирате и сè ќе биде добро. Почнуваат нови притисоци на работното место и вие ќе мора со тоа да се соочите. Нема веќе одложување на роковите.

Рак

Веќе не се плашите од своите тајни или криење на чувствата. Добивате нов полет и на конструктивен начин им приоѓате на односите. Почнуваат да се редат некои коцки во ваша корист и тоа ве радува. Работите со повеќе волја и сте повеќе продуктивни.

Лав

Веројатно доста ќе се движите меѓу луѓе и така ќе доаѓате до нови контакти. Можно е убаво патување или излет. Нема многу да се грижите за утре. Вашите деловни амбиции се веќе сосема јасни, а вие вредно работите за да ги остварите.

Девица

Може да очекувате уште еден ден во кој ќе има контакти и можности за дружење. Ќе ви биде пријатно и убаво. Ново или старо, тоа ќе биде дилемата што полека ќе ја решавате во вашата глава. Како и да е, не ви е лошо. Забавувајте се.

Вага

Малите игрички со кои сакате да потврдите што е, а што не е важно во приватниот живот, ќе ви биде главна преокупација. Не сонувате за нешто нереално, но очекувате повеќе да бидете фокусирани на своите соништа. Имате право на нив.

Cкорпија

Ќе ѝ одолеете на секоја провокација и ќе најдете мир во приватните односи. Ќе почувствувате олеснување и намалување на напнатоста. Оние што се занимаваат со истражувачки професии, денеска би можеле да го добијат успехот што долго го посакуваат.

Стрелец

Ако се обидете по секоја цена да го зацврстите својот однос, денеска нема да успеете. Препуштете ѝ се на сегашноста и уживајте во неа. При смислувањето нова работна стратегија ви паѓа на памет идеја дека не сте доволно платени. Немојте да бидете алчни.

Јарец

Ќе посакате чувствата да ги изразите или да му ги доверите некому што е вмешан во вашата љубовна приказна. Во тоа ќе бидете упорни. Денеска ќе ви изгледа како она што го работите да не е доволно стабилно или една ситница ќе ве натера да мислите дека ништо не е сигурно.

Водолија

Додека вие го расположувате, партнерот се лути. Ќе мора да го утешите со својата смисла за хумор и со топлина. Важно е да гледате каде одите. Вашиот пат секогаш е долг и далечен. Така ви се чини и до утрешниот работен ден.

Риби

Вашето љубовно небо е отворено за поквалитетни интимни односи. Ќе ви признаат дека сепак ве сакаат. Тоа е добро. Некои ваши непријатели, конечно, ќе ве оcтават на мир.

Scroll to Top