Овен
Може да се појави шанса да се вклучите во некоја нова активност која ќе ви донесе значајни професионални и финансиски бенефиции. Ќе работите многу напорно, но колегите може да не се чувствуваат најдобро поради тоа.
Бик
Може нема да бидете во најдобро расположение денес. Избегнете го преземањето нови одговорности денес. Ви престои интересен период. Нови познанства и пријателства ќе им помогнат на некои бикови да ги заборават свежите рани.
Близнаци
Треба да добиете значителна сума на пари. Вашата сакана личност ќе биде среќна. Добар момент е да започнете да правите планови за иднината и за средби со пријателите. Близнаците кои сѐ уште трагаат по љубов ќе бидат прилично незадоволни.
Рак
Иако не сакате да се занимавате со парите, сепак тие ќе ви бидат главна преокупација денес. Раковите кои се во врска ќе имаат проблеми и кавги со партнерот и тоа без некои битни причини. Партнерот има проблеми и шири тензија околу себе, но не можете да му помогнете ако не ви го дозволи тоа.
Лав
Ќе бидете во многу добро расположение и способни да стапите во контакт и да се поврзете перфектно со секого околу вас. Вашата финансиска ситуација би можело да ве вознемири. Во вечерните часови може да заминете на забава. Бидете внимателни и избегнувајте ги шегите кои можат да ги повредат чувствата на другите луѓе.
Девица
Некои разочарувања од минатото конечно ќе ги оставите зад себе. Избегнувајте ги конфликтите, но ако се најдете во таква ситуација, бидете мудри. Од некои работи ќе мора да се откажете и да прифатите дека повеќе не се дел од вашиот живот. Ова се однесува на вашите поранешни партнери кои упорно се обидуваат да ве вратат во живот.
Вага
Снаодливоста, брзината и способноста за предвидување ќе ви бидат главните адути. Вагите кои се во врска ќе имаат повеќе време за себе зашто партнерот ќе биде презафатен со работата. На некои ваги им следи и кратко раздвојување со партнерот поради неодложен пат.
Скорпија
Ќе имате можност вашиот уметнички талент да го искористите на добар начин. Креативноста ќе ви помогне многу и соработката ќе се одвива одлично. Не двоумете се да започнете нова активност! Имате добри шанси да успеете професионално и во бизнисот.
Стрелец
Во добро расположение сте и затоа и ви оди работата. Со полна пареа работите за да го остварите саканото. Уживајте во вниманието што го добивате, а бидете отворени и за романтика. Идеално би било да го реорганизирате вашиот домашен буџет.
Јарец
Денеска ќе бидете на граница со нервите поради неуспех на некој ваш бизнис. Не дозволувајте нервозата да се прелее во вашето семејство! Подобро запрашајте се себеси што имате направено погрешно за вашите бизнис партнери.
Водолија
Мала доза на самоувреност е позитивна, но водете сметка да не претерате со егоцентризмот, бидејќи никој во околината нема да може тоа да го трпи. Партнерот ќе ви замери ако не се сетите на некој важен заеднички датум. Очекува соодветно внимание од ваша страна.
Риби
Вашиот љубовен живот и социјалните контакти можат да бидат нарушени поради вашиот неуспех да комуницирате. Може да се чувствувате исцрпено и нерасположени да гледате било кого. Прифатете да излезете заедно со саканата личност.