Овен
Ќе почуствувате прилив нa позитивна енергија, па прифатете ги предизвиците кои ви ги нуди партнерот. Ќе биде доста лудо и незаборавно за било што да се работи. Покрај изобилството на страсти не смеете да заборавите и на обврските. Водете сметка да не навредите некого.
Бик
Оптеретени сте со евентуалните проблеми кои би можеле да се појават во соработката со колегите, можеби и со претпоставените. Сметате дека се многу неблагодарни за се што сте направиле за нив. Најсигурни ви се јарецот и девицата. Една скорпија се надева на вашата помош или на заедничка соработка.
Близнаци
Денес ќе постигнете цел кон која долго се стремите, но не ја покажувајте возбудата пред другите. Можно е да разбудите завист кај блиска личност која неодамна се соочила со неуспех. Бидете повнимателни кон туѓите чувства. Планетите ви даваат зелено светло за да бидете поспонтани. Престанете да размислувате однапред што ќе кажете следно.
Рак
Не се чудете ако денеска чувствувате потреба за свој простор. Колку и да уживате во друштво на други луѓе, потребно ви е време само за вас. Обидете се денеска да работите сами, а ако не сте во можност, тогаш секако после работа тргнете се од сите и одете сами на прошетка. Ако во последно време не ви одеше најдобро со луѓето кои ви значат, размислете за своите очекувања од тие луѓе.
Лав
Ви претстои поволен период за релаксација и опуштање. Уживајте во убавите мигови и соберете сила за работа. Ќе бидете повикани на некој настан, каде ќе се сретнете со многу интересни лица кои ќе ви остават силен впечаток. Не размислувајте за проблемите за сѐ постои решение.
Девица
Обидете се да ја добиете довербата на еден лав кој знае како да ви ласка но не ги отвора картите пред вас. Можно е и двајцата да се наоѓате на некој нов терен кој е непознат за вас. Сакате ризични работи и ситуации во кои вашето знаење доаѓа до израз. Мотивирајте се да работите повеќе, ве очекува добивка.
Вага
Ќе добиете прилика да се сретнете со некој рак во вечерните часови, можеби и со некој лав или јарец и со нив да ги поделите своите искуства во врска со работата во прватната компанија која на вас ви е многу драгоцена. Можна е добра вест во врска со пари. Понудата од некоја водолија прифатете ја со резерва.
Скорпија
Денешниот ден поминете го со пријателите разговарајки за некое ваше идно заедничко патување. Ќе почувствувате моќ и подготвеност да бидете лидер на тимот. Некои лица ќе побааат совет од вас, доколку станува збор за интимни нешта, не се мешајте во одлуките.
Стрелец
Обидете се да најдете нешто од кое ќе остварувате дополнителни приходи. Побарајте помош од пријателите. Ова е неповолен момент да земете кредит од банка. Вашето здравје е нарушено, а сето тоа е поради нервозите кои ве совладуваат. Обидете се да се релаксирате, ќе најдете решение за проблемите.
Јарец
На кавгите во вашата околина им нема крај, пробајте да најдете конечно решение за тие да не се повторуваат секојдневно. Голема е веројатноста да кажете нешто за кое долго време ќе жалите. Гласно потенцирајте дека ви е потребен мир и држете се колку што можете понастрана од провокатори на бесмислени расправии.
Водолија
Издвојте неколку часа од денот за лично надградување. Најмногу ќе ви годат мирни и тивки места. Излезете сами на прошетка и уживајте во убавините на градот. Релаксирајте се во интимна атмосфера со најблиските. Избегнувајте бучава.
Риби
Нервозни сте бидејќи најверојатно сте прифатиле повеќе обврски од тоа што можете да го постигнете, па сега ви е јасно дека е потребно да направите листа со приоритети. Потрудете се да најдете соодветна помош, односно некој лојален колега кој на практичен начин ги решава проблемите. Следува поволна вест поврзана со пари.