Дневен хороскоп за 13 февруари

Овен

Не сакате да сè откажете од плановите кои претходно стè ги зацртале, иако знаете дека на крајот можеби нема да можете да ги остварите. На љубовно поле, ако сте слободни, очекувајте во текот на денот да остварите некое ново познанство. На здравствено поле, можно е да имате проблеми со притисокот.

Бик

Ако стè претерано имплусивни ќе си создадете проблеми на работното место, не само на себе си, туку и на другите околу вас. Размислувате за брак, но не стè сигурни, дали и саканата личност го сака истото што и вие. На љубовно поле можеби односот не ви è најсјаен. Чувајте сè во сообраќајот.

Близнаци

Ова е идеален ден за правење бизнис. Ако планирате да отворате сопствен бизнис, ова е совршен ден за тоа. Ќе бидете многу задоволни. На љубовен план, ако живеете во заедница, ве очекува подобрување во комуникацијата со вашиот партнер. На здравствено поле, имате проблем со вкочанетост во вашиот врат.

Рак

Многу е важно да имате доволно храброст да истапите и да завземете став за вашето сопствено мислење во деловното опкружување. Ви сè допаѓа личност која не покажала подготвеност за сериозна врска. На здравствено поле, поведете грижа за чувствителноста на кожата.

Лав

Можно е во текот на денот да почувствувате потреба за деловни промени и да стè подготвени да направите сè за да ги остварите. На љубовно поле, не ви сè допаѓа тоа што вашиот партнер станал претерано посесивен и љубоморен кон вас. На здравствено поле, мора да поведете сметка кога е во прашање жолчката.

Девица

Може да очекувате промена на полето на заработката. Пред вас е поволен ден за нови деловни понуди. На љубовно поле, може да се надевате на поволна ситуација во односите со вашиот партнер. Имате можност да ги стабилизирате работите во семејството. На здравствено поле, чувствителни стè на дигестивниот тракт.

Вага

Во текот на денот можно е да се случат одлуки кои ќе бидат пресвртница во вашата кариера. Пред вас е поволен период за носење на важни одлуки. На љубовно поле, можно е да размислувате за прекин на врската или бракот, затоа што не стè задоволни од истиот. На здравствено поле, морате да обрнете внимание на исхраната.

Шкорпија

Не треба да очекувате некои значителни промени на деловното поле во текот на денот. Претежно ќе се занимавате со вообичаени рутински работи. На љубовно поле, фантазирате за личноста која неодамна стè ја запознале и со која имате комуникација. На здравствено поле, можен е пад на имунитетот.

Стрелец

Сериозно размислувате за понуда на работа во странство. Можно е таму да ја пронајдете вашата среќа. На љубовно поле постепено вашата врска со саканата личност може да напредува. Пред вас сè некои нови одлуки. На здравствено поле можни се проблеми со вашите синуси.

Јарец

Доколку сте без работа пред вас е шанса да остварите нов договор кој би ве водел кон вработување. Размислувате за големи љубовни промени. Не стè задоволни од моменталната врска. Здравствената состојба ви è идеална.

Водолија

Подготвени стè да се посветите на работата за да успеете во иднината да остварите напредок на ова поле. На љубовно поле, личноста која ви сè  допаѓа, ќе ви стави до знаење дека не е рамнодушна кон вас. На здравствено поле, имате проблем со пукањето на капиларите.

Риби

Имате дојдено до некои важни одлуки на деловно поле. Реализацијата на вашите идеи конечно се движи кон добра насока. На љубовно поле сакате да ја задржите саканата личност и да ѝ покажете дека кон неа имате емоции. На здравствено поле, склони стè на гоењето.

Scroll to Top