Дневен хороскоп за 2 април

Овен

Во текот на денот очекувајте нова понуда од вашите шефови која може да ви ги отвори вратите за нови предизвици во понатамошната кариера. На полето на љубовта внимавајте како се однесувате со вашиот партнер. Можно е да ви се случи голема расправија. На здравствено поле имате пад на имунитетот.

Бик

Кога е во пашање работата, денеска очекувајте голем успех. На љубовен план ќе остварите ново познанство. Полека но сигурно ќе ви се случат одредени позитивни промени. На здравствен план имате проблеми со срцето и морате веднаш да посетите кардиолог.

Близнаци

Ова е неповолен ден за почнување со нова работа. Пречки ќе ви се појавуваат на секој чекор. Доколку сте во брак, очекувајте мали турбуленции во врската. На здравствен план имате проблем со дигестивниот систем.

Рак

Можно е на работа да имате одредени компликации и ќе сакате некои работи сериозно да ги промените од корен. На љубовно поле можете да очекувате интересни случувања и нови познанства. На здравствен план имате проблеми со грлото.

Лав

Пред вас претстојат одредени мали проблеми кои можат да ви бидат пречка на работното место. На љубовен план можно е работите да се менуваат и да не се движат во посакуваниот правец. На здравствено поле, поведете сметка на исхраната.

Девица

Можно е да бидете разочарани од ситуациите на работното место. Околностите не се онакви какви што сте се надевале. На љубовно поле често ви се случуваат расправии со вашиот партнер. На здравствено поле постојано чувствувате главоболки.

Вага

Ве очекуваат моменти кога ќе треба да се соочите со голем број грешки што сте ги направиле во минатото. Обидете се да учите од своите грешки. На љубовно поле, полека ќе сакате да ставите крај на врската од која не сте задоволни. На здравствено поле имате проблеми со стресот и нервозата.

Скорпија

На деловен план не сте премногу оптоварени. Работите се одвиваат во посакуваниот правец. На љубовен план не сте заинтересирани за нова љубовна приказна. Потребно ви е некое време да заздравите емотивно. Здравјето ви е одлично.

Стрелец

Денес не е поволен ден за нови промени на работното место. Подобро почекајте ситуацијата да ви се стабилизира. Често избрзувате и реагирате во афект, а подоцна се каете за направеното. На љубовно поле очекувајте чести расправии и кавги со вашиот партнер. На здравствено поле имате проблем со инфекции на респираторниот систем.

Јарец

Очекувајте да ви се случат работи кои можат да направат пресврт во вашата кариера. Уживајте во убавите заеднички моменти поминати со вашиот партнер. Препорачливо е да ги избегнувате цигарите.

Водолија

Очекувајте големи задолжувања на работното место. Сакате на љубовно поле да се стабилизирате и да остварите подобар однос со саканата личност. Избегнувајте го алкохолот.

Риби

Можете да сметате на помош од вашите колеги. Пред вас е поволен ден за склопување на некоја нова деловна соработка. Ќе се зближите со личност која ви се допаѓа на работа. Со здравјето сè е во ред, но препорачливо е да посетите стоматол.

Scroll to Top