Дневен хороскоп за 2 мај

Овен

Пред вас е поволен период за нови случувања и за започнување на нова работа. Ако сте имале идеи, сега ќе добиете поддршка истите да ги остварите. Можно е да имате повеќе додворувачи во текот на денот, но еден особено фрлил око на вас. Внимавајте на здравјето. Имате чувствителна кожа.

Бик

Немате големи амбиции и планови за денешниот ден, па можете да очекувате опуштена атмосфера на работа. Ве очекува интересна комуникација со личност која ви се допаѓала од претходно. Внимавајте на здравјето. Препорачливо е да одите на редовна контрола.

Близнаци

Размислувате да започнете нов проект, иако засега не сте сосема сигурни во кој правец истиот ќе се движи. Денес не ви е поволен ден кога станува збор за љубовта. Тоа со себе носи одредени потешкотии, особено ако сте во врска или брак. Пред вас е предизвикувачки период. Внимавајте на здравјето. Потребен ви е одмор.

Рак

Можно е поради некоја причина да не можете да ги покажете своите квалитети и способности на работното место. Чувствувате како нешто да ве кочи. Вашите очекувања на полето на љубовта во моментов се преголеми. Можно е партнерот да не може да ви овозможи сè што посакувате. Внимавајте на здравјето и проблемите со желудникот.

Лав

Во текот на денешниот ден можете да имате поголеми трошоци од оние кои сте ги планирале, па ваквата ситуација за вас ќе биде збунувачка. Ве оечкува можност да се запознаете со личност која ќе покаже дека кон вас има искрени и силни чувства. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со воспаленија.

Девица

Имате прилично големи очекувања, нешто што може да биде меч со две острици. Внимавајте да не влезете во бизнис во кој нема да можете да излезете на крај. Саканата личност се труди отворено да ви покаже дека и е грижа за вас, но вие како да сте дистанцирани од неа. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со бубрезите.

Вага

Ве очекуваат голем број деловни обврски. Можно е надредените да ве ставаат под малку поголем притисок на ова поле. Засега сте пасивни и не сте заинтересирани за нови љубовни случувања. Можете да очекувате прилично мирен ден. Внимавајте на здравјето. Можен е пад на имунитетот.

Шкорпија

Доколку сте влезени во некој конфликт во деловното опкружување, сега е време да ги оладите односите на најдобар можен начин. Ова е поволен период во полето на љубовта и можете да очекувате дека ќе сретнете личност која би можела да ви одговара за врска. Внимавајте на здравјето и проблемите со градниот кош.

Стрелец

Во моментов ова не е најповолен период за вас и тоа е нешто кое ве оптеретува. Имате впечаток дека не можете самите да излезете на крај со сите проблеми. Односот со саканата личност ви е променет и имате впечаток дека меѓу вас повеќе не постојат емоции. Внимавајте на здравјето и проблемите со стомакот.

Јарец

Ќе донесете нова одлука која може да биде на некој начин непромислена. Поведете сметка на тоа да не дојде до штета на работното место. Ви се допаѓа личноста која има некои тајни и ќе ви биде потребно подолго време со неа да остварите искрен однос. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со грлото.

Водолија

Ве очекува стабилност на работното поле. Сè ќе мине во најдобар ден. Пред вас е поволен ден. Немате причина да се грижите за односот со саканата личност. Сè е во ред и искрени сте еден кон друг. Внимавајте на здравјето и посетете лекар.

Риби

Не ви е поволен денот па би било добро да се посветите на тоа повеќе да се концентрирате и да ги избегнувате грешките на полето на работата. Можно е да се заљубите искрено во личност која спонтано ќе ја запознаете. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на вртоглавица.

 

 

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top