Дневен хороскоп за 21 февруари

Овен

Среда се очекува да биде сосема нормален ден за овнте, поставен главно на вообичаената рутина. На работа може да почувствувате мало подобрување на состојбата, но и со личен мал пад на перформансите. Според предвидувањата од 21 февруари, ако сте во врска или брак, во случај на недоразбирања со партнерот, обидете се да премолчите и да почекате поповолна ситуација. Еден телефонски повик би можел повторно да оживее некоја стара љубов. Проверете го здравјето.

Бик

21 февруари ќе биде ден – чудо за биковите. На работното место ќе бидете во можност да ги истурката плановите, а доколку се најдете во тензична ситуација обидете се да ја сочувате самоконтролата. За повеќето бикови некои позитивни вести можат да дојдат од надворешни извори. И во следните два дена ќе ве следат позитивни вибрации и ќе имате поддршка на љубовен план. Сега во љубовта може да го правите или да не го правите тоа што го сакате. Некои бикови ќе се најдат и на љубовен крстопат.

Близнаци

На работното место, работите ќе треба да ги поставите појасно, особено ако се поврзани со некој колега. Почекајте подобри времиња. Во љубовта, треба да посветите поголемо внимание на партнерот или на лицето што ви е драго: во последно време, не бевте многу присутни во врската (т.е. присутни само со телото, додека умот ви луташе). Сепак, од партнерот имате разбирање кое отворено го покажува, но до кога?! Здравје – мал пад на енергијата.

Рак

Денес раковите ќе имаат добра поддршка од ѕвездите. Веројатно денес е денот кога ќе расчистите со мрзеливоста и насобраните фрустрации. На работното место би можеле да слушнете интересни вести поврзани со парите или мало зголемување на платата. Слободните ракови треба да дозволат љубов да влезе во нивниот живот. Оние кои се во врска ќе почувствуваат дека многу нешта не се како порано. Бидете повеќе физички активни.

Лав

Денот е без преголем стрес. На работен план може да има ситуации кои чекаат да бидат одговорени, но сега сте во можност да се справите со она што не е во ред. На љубовен план може да имате мали недоразбирања со партнерот, па дури и со пријателите. Затоа, пробајте да спречите какви било ризични ситуации и однапред фрлете „вода врз огнот“. Сменете ги старите навики во исхраната и почнете со физичка активност. Доро би ви дошла здрава диета, затоа побарајте совет од нутриционист.

Девица

Ќе ве следи позитивна енергија во обид да ви донесат спокоен и многу поволен период. Во работата ќе има моменти на лесна напнатост со колегите, но ќе ги надминете одлично. Обидете се да да стигнете до целта со разговор, не со ароганција. Почнете да размислувате за нешто ново на љубовен план. Песечете ги врските со минатото. Внимавајте на зравјето, можни се болки во нозете.

Вага

Ден со променливи вибрации, но, сепак, нема да донесе значителни стресови. На работното место, доколку сте поставиле одредени прашања во изминатите денови, сега ќе дојдете до некои одговори. За оние кои имаат приватен бизнис -имате многу јасни идеи и убедливи сте, па следуваат задоволителни договори. На љубовен план, првиот дел од годината нема да ви помогне. Оние кои се сами, денес имаат можност да остварат нови блиски пријателства. Здравјето е подобро, чувствувате сила.

Скорпија

Овој ден на скорпиите ќе им овозможи многу новини. На работното место веројатно овие денови ќе почувствувате потреба за промени. Некој скриен нагон за успех и докажување ве тера да целите повисоко во професијата. На љубовно поле, совет од ѕвездите е да не ги потценувате облаците кои натежнуваат над врската, туку да најдете сила и да ги протерате. Здравјето е добро, ѕвездите се на ваша страна.

Стрелец

Ден исполнет со размислувања кои водат на нови промени. На работното поле, изминатите месеци ги чувствувате како „тешко време“. Се зголемува вашата нетрпеливост кон авторитативна личност или кон претпоставениот за кои мислите дека се виновни поради вашиот личен застој. И на љубовно поле чувствата нема да ви бидат на врвот, зашто вашите потреби во последно време се зголемени. Не е време за големи одлуки, иако чувствувате голема желба за промени.

Јарец

Позитивен ден за јарците на сите полиња. На работното место, конечно ќе почувствувате подобрена ситуација за да добиете нешто повеќе. Ќе имате можност да решите дури и некој стар економски спор. Сепак, не заборавајте дека е потребно да внесете максимален труд на работното место за подоцна да ги почувствувате бенефитите. И на љубовно поле ситуацијата е подобрена. Сега може да ги изложите своите проблеми за да ги решите со вашиот партнер. Оние кои се сами, стануваат избалансирани и подготвени за нова љубовна приказна. Ќе бидете полни со енергија.

Водолија

До средината на денот, на работното место работите ќе одат малку потешко, но нее откажувајте се и не влегувајте во вербални конфликти. Барањата треба да се постават внимателно. Не треба да бидете обесхрабрени ако нештата не одат во правецот што го посакувате. Не лутете им се премногу на оние кои не мислат како вас. Оние кои работат во контакт со јавноста – ќе добијат голема поддршка и успех. На љубовен план, внимавајте на нервозата. Вечерните часови се помирни и постабилни. Излезете од дома со партнерот, или ако сте сами – со пријателите.

Риби

Родените во знакот на риби ја имаат поддршката од ѕвездите. Овој ден за нив ќе биде исцрпувачки во однос на работата, но истовремено и многу стимулирачки на професионален план. Некои риби ќе добијат можност за нови почетоци во професијата. Но, пред да прифатите убаво размислете. Рибите кои се сами ќе имаат шанса да отворат ново поглавје во живото. Здравјето е добро.

Scroll to Top