Дневен хороскоп за 22 мај

Овен 

Во текот на денот ќе успеете да ги реализирате сите работи кои сте ги замислиле. Среќата конечно ќе биде на ваша страна. Имате проблеми во комуникацијата со партнерот, но вашата љубов и понатаму е силна и ќе дадете сè од себе за да ги надминете. Внимавајте на здравјето, можни се проблеми со кашлањето.

Бик

Не сте сигурни колку ќе можете да успеете да се носите со трошоците кои ги имате. Промената на финансискиот план, ви паѓа тешко. Поради големиот стрес го запоставувате вашиот партнер. Тоа е нешто кое му паѓа тешко. Внимавајте на здравјето и проблемите со апетитот.

Близнаци

Не ви е лесно да ги решите проблемите кои ве оптеретуваат. Некои влечат корени од далечното минато и тоа е нешто што ве обесхрабрува. На љубовно поле, повлечени сте во себе и не ги забележувате можностите за нови познанства кои ви се укажуваат. Внимавајте на здравјето. Ве мачи депресија.

 

Рак

Чувствувате дека ви се потребни промени на деловен план, но стравот дека немате поддршка од колегите, ве спречува да превземете било што. На љубовен план ќе постои заинтересираност за вас од страна на личност со која вие нема да сакате да стапите во врска. Внимавајте на здравјето и проблемите со несоницата.

 

Лав

Премногу се ослонувате на другите и очекувате колегите да ви ги решат проблемите. Време е да покажете дека сте зрели за пристап. Ќе запознатете личност која ќе ви ја разбуди радозналоста, но и чувството на несигурност и страв. Внимавајте на здравјето и чувствителноста на нервниот систем.

Девица

Денес можете да донесете пресудна одлука која позитивно ќе се одрази на вашата деловна иднина. И покрај вашиот партнер кој е со вас, вие чувствувате осаменост. Се плашите да му кажете за осаменоста и се надевате дека самиот ќе ја примети. Внимавајте на здравјето. Ве мачат хронични проблеми.

 

Вага

Многу е веројатно дека ќе морате да промените некои одлуки за кои досега сте биле сигурни. Сваќањето дека вашиот партнер сака сè поголема апсолутна посветеност и тоа е нешто што ве загрижува, затоа што не сте сигурни дека сте во состојба да му ја овозможите. Избегнувајте го алкохолот и какви било опијати.

Шкорпија

Финансискиот аспект на вашата работа е единствено нешто што ве кочи да не дадете отказ. Работното опкружување и вашата положба во него е нешто што ве прави многу незадоволни. Можно е да го откриете партнерот во некоја лага, нешто што само повеќе ќе ја зацврсти вашата недоверба кон него. Имате проблеми со уринарниот тракт.

Стрелец

Можно е да правите повеќе грешки од вообичано и тоа ќе ве доведе во некаков конфликт со некои од надредените. Иако чувствувате колку се сериозни проблемите кои ги имате во врската, ги криете од очите на јавноста. Не сакате никој да сведочи за вашите грешки. Внимавајте на здравјето и можните проблеми со главоболката.

Јарец

Дојдено е време во кое ќе уживате во плодовите од досегашната макотрпна работа. Пожелно е да одморите малку. Свесн сте колку мани има вашата сакана личност, но подготвени сте да ги прифатите. Сепак се плашите вие пред неа да ја покажете својата слабост. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со песок во бубрезите.

Водолија

Можно е долго време да чекате на остварување на некој план, кој и понатаму го одложувате. Но, знаете дека од него не смеете да се откажете. Во моментов љубовта не ви е важен животен приоритет, па сте пасивни на овој план. Внимавајте на здравјето. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со хроничниот умор.

Риби

Не сакате да се прилагодувате кон другите, а вашите колеги имаат поинакви начини на функционирање. Тоа неминовно води во конфликти. Вашата врска е под терет на лажни гласини, кои се шират за вашиот партнер. Тоа е нешто што ве загрижува, но не постои начин нешто да превземете. Можни се проблеми со алергиите.

 

Scroll to Top