Дневен хороскоп за 28 март

Овен

На деловен план денес ќе остварите голем успех. Задоволството ќе биде уште поголемо затоа што ќе го споделите заедно со вашите соработници. Преку круг на пријатели многу е веројатно да остварите познанство со личност која во иднина би можел да стане ваш брачен партнер.  Здравјето ви е одлично.

Бик

На деловен план ќе ви се оствари она што веќе подолг период го имате зацртано како план. Се чувствувате одлично, затоа што голем дел од работите кои се клучни за вас, се веќе доведени при крај. На љубовен план подготвени сте за нова авантура. Постои можност за нова врска. На здравствен план, проблем со грчевите. Би ви годела масажа.

Близнаци

Кога е во прашање работата може да се надевате на многу позитивни околности. Среќата денес е на ваша страна. Низ интересен дијалог ќе успеете да ја импресионирате личноста која ви се допаѓа. Избегнувајте ја мрсната храна.

Рак

Може да се надевате дека на крајот на денот ќе бидете многу задоволни од исходот и сработеното на работното место. Ги имате решено проблемите кои што сте ги имале со саканата личност и поподготвени сте, од кога било претходно уште посилно да продолжите заедно. Здравјето ви е одлично.

Лав

Во текот на денешниот ден очекувајте некој од вашите соработници да ви пристапи за помош. На емотивен план би можеле да се соочите со компликации кои би настанале од вашиот љубоморен план. На здравствен план, имате проблеми поврзани со крвотокот.

Девица

Ги имате решено поголемиот дел од деловните проблеми и подготвени сте да продолжите со она што ви е навистина важно. На љубовен план саканата личност ви е максимално посветена и задоволни сте од вашиот однос. На здравствен план имате проблем со бубрезите.

Вага

На деловен план функционирате под притисок и не ви е лесно да направите добра организација на работните обврски. За оние слободните може да очекуваат дека во текот на денот ќе им се оствари некое ново интересно познанство. На здравствен план, нагласен ви е пад на имунитетот.

Скорпија

Дојден е момент кога треба да се позанимавате со проблеми кои сте ги имале на деловно поле и да донесете некои конечни одлуки. Можете да очекувате интересни случувања со личност која ви се допаѓа веке некое време. Имате чувствителен граден кош.

Стрелец

Доколку се занимавате со приватна работа, пред вас е поволен период за нова соработка, која би можела да ви донесе подобра заработка. Брачниот партнер ви покажува дека повеќе не е среќен во бракот и бара од вас да се промените. Здравјето ви е солидно.

Јарец

Не ви е лесно да ги исполните сите очекувања кои постојат на ова поле. Можно е преголем број на обврски бидат оставени на вас. Можно е да ви се случи интересен флерт, но нема да бидете подготвени за ништо повеќе од тоа. На здравствен план, можно е да имате проблем со градниот кош.

Риби

Финансиската состојба полека ви се движи кон подобро. Може да се надевате на позитивни промени на деловен план. Може комуникацијата со саканата личност да не ви е најсјајна, но има надеж дека ќе се поправи. Со здрајето немате никакви проблеми.

Scroll to Top