ОВЕН
Обидете се да прифатите дека не можете да влијаете на сите работи што ви се случуваат на работното место. Потрудете се да се вклопите во работната околина колку е можно повеќе. Во наредниот период партнерот ќе ве оптоварува со непотребни разговори и ќе бара од вас одговори за врската кои вие нема да можете да му ги дадете. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на хроничен умор.
БИК
Не влегувајте во какви било ризици денес. Сега не е поволен ден за деловни патувања. Вашиот партнер ќе дава отпор кон идеите кои вие ќе сакате да ги реализирате. Внимавајте на здравјето и кардиоваскуларниот систем.
БЛИЗНАЦИ
Денес не е поволен ден за поголеми промени на полето на работа, ниту за какви било вложувања. Обидете се да бидете трпеливи кога станува збор за работата. Ако сте во брак, ве очекува кризен период. Чувствувате како партнерот полека почнува да се оддалечува од вас. Внимавајте на здравјето и проблемите со стомакот.
РАК
Не претерувајте во работата. Во секоја смисла. Обидете се да бидете умерен и во односите со вашите колеги и шефови. Вашето имплусивно однесување и раздразливост може да ви донесат проблеми во врската со вашиот партнер. Внимавајте на здравјето, можни се проблеми и со дишните патишта.
ЛАВ
Финансиите не ви се стабилни и доаѓа период кога ќе имате многу трошоци кои би можеле целосно да ве оптоварат. Не сте сигурни во вашите чувства, но партнерот од вас бара да се обврзете кон него. Подгответе се, би можело да дојде до прекин на врската. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на штитната жлезда.
ДЕВИЦА
Обидете се да бидете трпеливи кога работата е во прашање. За одредени проекти ќе ви треба подолго време за да ги реализирате. Иако ви делувате незаинтересирано за личноста која ви се додворува, вистината е дека сте несигурни во себе. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на главоболка.
ВАГА
Загрижени сте за тоа како се развива ситуацијата на работа. Имате впечаток дека сите работат против вас. Можна е појава на љубомора и недоверба кај вашиот партнер. Неговото однесување нема да ви се допадне. Внимавајте на здравјето. Ве мачи депресија.
СКОРПИЈА
Подгответе се за проблеми и конфликти со вашите колеги и претпоставени на работа. Обидете се да бидете малку дипломатични. Посакувате нова љубов во вашиот живот и подготвени сте да го отворите срцето за нови познанства. Внимавајте на здравјето и проблемите со циркулацијата.
СТРЕЛЕЦ
Обидете се денес да бидете доволно тактични и да не реагирате премногу имплусивно на работа. Можно е повеќе на ги немате истите чувства кон вашиот партнер. Во наредниот период може да дојде до прекин на врската. Внимавајте на здравјето. Ве мачи вкочанетост.
ЈАРЕЦ
Обидете се да го направите сето она што можете за да ја поправите ситуацијата на работа и нарушениот однос со колегите. Многу работи зависат од вас. Ви се допаѓа личност која делува како да сака да ги балансира работите и не е сигурна во нејзините чувства кон вас. Внимавајте на здравјето и проблемите со холестеролот.
ВОДОЛИЈА
Обидете се целосно да се посветите на работните обврски. Во наредниот период ќе имате проблеми со мрзеливоста. Ве очекува статичен период на полето на љубовта. Засега нема да ви се случат поголеми промени и тоа е нешто поради кое сте незадоволен. Внимавајте на здравјето и проблемите со холестеролот.
РИБИ
Ве очекува ден во кој ќе се соочите со ситни проблеми и пречки на работното место. Ќе остварите нова љубовна средба со личност која претходно оставила добар впечаток кај вас. Внимавајте на здравјето и проблемите со холестеролот.