Дневен хороскоп за 29 мај

Овен

Што се однесува до работата, можете да очекувате поволен ден. Ќе добиете убави вести за новото работно место. Ве очекува и интересно познанство. Ќе имате можност да ја пронајдете личноста која сосема ви одговара. Со здравјето сè е во ред. Се чувствувате одлично и немате причини за никакви грижи.

Бик

Прилично сте нервозни и не ви е лесно да ги остварите своите цели на ова поле. Потребно ви е време да направите подобри планови. Партнерот ќе ви покаже дека од вас очекува промени ако сакате врската да продолжи. Внимавајте на здравјето. Имате чувствителни заби.

 

Близнаци

Иако на прв поглед сè делува како што треба, кога ќе се изгребе малку под површината, сепак можат да се најдат проблемите на работа. Заљубени сте и не ви е лесно да си признаете себеси, затоа што е во прашање личност со која односите ви се комплицирани. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со срцето.

Рак

Нема потреба да се грижите околу работата, иако сега имате проблеми, очекувајте решението да ви стигне во последен час. Односот со саканата личност не ви е лесен и едноставен. Имате впечаток дека судбината не сака вашата врска да продолжи. Внимавајте на здравјето. Можен е пад на имунитетот.

Лав

Постојат бројни ограничувања на вашето поле на работа и големи се шансите да не успеете да ги остварите вашите цели. Партнерот се труди да ви ги открие искрените чувства кои ги има кон вас. Не ви е лесно да го прифатите сето тоа што има да ви го раскаже. Внимавајте на здравјето и можните проблеми со бубрезите.

Девица

Нема да имате премногу работни обврски во текот на денот. Пред вас е можност малку да се одморите од сите активности. Ви пречи помислата дека вашиот партнер би можел да има уште некој и љубомората полека почнува да ве издава. Внимавајте на здравјето и проверете ја крвната слика.

 

Вага

Имате среќа и задоволни сте на тоа како деловното опкружување влијае на вас. Пред вас е фаза во која би можеле да напредувате. Денес е поволен ден за ново познанство. Можете да се надевате на позитивни промени. Поведете сметка на холестеролот.

Шкорпија

Денес е поволен ден за почеток на нова работа. Доколку сте во врска, ве очекува можност со саканата личност да поразговарате на тема за заедничкиот живот. Внимавајте на здравјето. Можни се помали проблеми со варењето на храната и цревата.

Стрелец

На деловен план не ви е лесно да го остварите сето тоа што сте го замислиле. Се пуштате во флерт со личност која не е сосема слободна и знаете дека таквиот однос ве води во правење грешки. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со грлото.

Јарец

Нема да бидете задоволни од малиот прилив на пари до кои ќе дојете. Се надевате на некоја подобра можност за добивка. Љубовната ситуација во која се наоѓате може да биде едноставна ако само ги признаете искрените чувства кои ги имате кон вашиот партнер. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на зголемен апетит.

 

Водолија

На деловно поле ќе дојде до подобрување на ситуацијата. Иако до вчера сте имале големи проблеми, сега состојбите полека се менуваат. На емотивно поле ве очекуваат проблеми со саканата личност. Поинаку ги гледате работите во семејството, за разлика од вашиот партнер. Внимавајте на здравјето и чувајте се од можни повреди.

Риби

Очекувајте критки од вашите надредени. Тие ќе бидат добронамерни и состојбите ќе се подобрат кога и вие малку ќе промените дел од вашите навики. Се чувствувате стабилно покрај вашиот партнер и убаво ви е кога сте заедно. Тој ви е еден вид  заштита. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со килажата и штитната жлезда.

 

Scroll to Top