Дневен хороскоп за 29 март

Овен

Неопходно е повеќе да се посветите на своите обврски на работното место, ако сакате да ги решите проблемите. На љубовен план фантазирате за личност која ви се допаѓа веќе подолг период. Можете да се надевате на убави моменти во текот на денешниот ден. На здравствено поле, ве мачи несоница.

Бик

Во текот на денот на работното место може да се надевате на помошта која ви е потребна од вашите соработници. Заедно со нив ќе успеете да решите голем дел од обврските. На љубовно поле, за оние слободните ги очекува добар ден за флерт и нови познанства. На здравствено поле зголемете ја конзумацијата на витамини.

Близнаци

Немојте да очекувате премногу дека активностите на работа ќе се одвиваат со забрзано темпо. Ќе ви биде потребно многу време за да решите голем дел од нив. На љубовно поле, имате чувство дека ви е потребна мала пауза. На здравствено поле, имате проблем со кичмата.

Рак

На деловен план ве очекува патување во странство од кое ќе остварите голем бенефит. На љубовно поле имате идеален однос со саканата личност и можете да очекувате дека таквата состојба ќе продолжи и во иднина. На здравствено поле, препорачливо е да го избегнувате алкохолот и сите пороци.

Лав

Преку кредит или позајмица ќе успеете да ја подобрите вашата финансиска состојба. На љубовен план можно е да ви се отвори шанса за почеток на врска со личност која веќе некое време сте ја посакувале. На здравствен план, немате никакви причини за загриженост. Полни сте со сила и енергија.

Девица

Во очекување сте на важни деловни одлуки од кои на крајот од денот ќе остварите голем бенефит. На љубовно поле, ова е идеален ден за почеток на нова љубовна врска. На здравствено поле ве мачи нискиот притисок.

Вага

Имате многу работа и тешко ви е да ги доведете работите во најдобар ред. Концентрацијата не ви е на највисоко ниво. На љубовен план, го сакате вашиот партнер но му замерувате за многу работи. Малку е да се каже дека вашата врска е комплицирана. Со вашето здравје е сè во ред. Се чувствувате добро и немате никакви проблеми.

Скорпија

На работното место нема да имате премногу работа, па денешниот ден ќе ви мине во прилично опуштена атмосфера. На љубовно поле ве очекува ново познанство со личност која силно ве привлекува. Можеби ќе ви биде потребно време за да се зближите. На здравствен план, имате проблем со грчеви. Потребно ви е опуштање.

Стрелец

На деловен план се одвиваат некои работи кои не се поволни за вас. Морате да бидете трпеливи за да се разрешат и најмалите проблеми. Ве очекува возбудлив ден во кој ќе остварите разни познанства и ќе имате повеќе можности за флертување. На здравствено поле препорачливо е да одмарате колку е можно повеќе.

Јарец

Задоволни сте од ситуацијата на деловно-финансиски план и може да се каже дека работите се одвиаат онака како што претходно сте испланирале. Покрај саканата личност се чувствувате одлично. Таа ви го дава она што отсекогаш сте го сакале во љубовта. На здравствено поле имате проблеми со забите.

Водолија

Потребно е да имате повеќе трпение на работа, затоа што некои проблеми кои сега ве мачат, не можат да бидат решени преку ноќ. Слично е и на љубовен план. Ви делува дека нема да може да успеете да ги решите проблемите со вашиот партнер. На здравствено поле потрудете се да не бидете постојано под стрес. Одморајте почесто.

Риби

Можете да добиете можност да ги покажете своите деловни способност, а вашите надредени ќе добијат уште поголема доверба во вас. Ова е поволен ден за ново патување или планирање на романтичен викенд. На здравствен план зголемете ја конзумацијата на свежо овошје.

Scroll to Top