Дневен хороскоп за 29 ноември

Овен

Како и секој овен, вие сте со ведар дух, и овој ден така ќе ви започне. Вашата смисла за хумор ќе ја релаксира ситуацијата меѓу колегите, што позитивно ќе се одрази на работата. Денеска ќе бидете уверливи, искористете го тоа за преговори. Ви значи среќата на партнерот, и ќе направите сè да се чувствува пријатно. Слободните во овој знак ќе бидат успешни во освојување.

Бик

Сметате дека можете сами. Потребна ви е поддршка од пријател. Тука е важно да ви помогнат финансиски. Поддршката доаѓа од риби, овен или вага. Изненадувачка средба и врска со една водолија. Тоа ќе биде голема  страст. Почнете диета.

Близнаци

Мислите дека можете да уживате. Сепак, сте немале среќа. Морате денеска напорно да се трудите и да работите.  Учите да бидете потолерантни кон саканата личност. Многу нешта делите, па не е добро да бидете строги. Пливајте за подобро здравје.

Рак

Обврските што ги имате ги прифаќате одговорно. Додека вие сте водач, предводник на работа, таа фирма има успех и стабилност. Партнерот понекогаш е агресивен кон вас. Веројатно сте флегматични. Денес се можни проблеми со  дебелото црево.

Лав

Себеси или се величите или сте незаинтересирани. Време е за движење. Повик од земја од северна Европа ќе го смени вашиот работен елан. Важно е да не се карате со партнерот. Често се надмудрувате кој е поголем шармер. Денеска е добро да почнете да вежбате.

Девица

Вашето расположение не смее да влијае на работа. Имате голем притисок на работа, но добро се држите. Колегите ве поддржуваат. Партнерот сака да ви помогне околу работата. Се согласувате со бик или вага. Чувајте се од алергии.

Вага

Ви работи шестото сетило. Вие слушате и гледате она што на другите им поминува пред очи. Во предност сте. Искористите го позитивно. Покажувате вистински емоции и партнерот е среќен. Избегнувајте да се заморувате претерано. Масажа е вистинско решение.

Скорпија

Самодисциплината ви е силна страна. Подготвени сте да кажете „не“ на сè што ги ремети вашите цели. Сè што има смисла доаѓа предвид. Сечете со поглед. Не е важно што другите мислат, вашата врска чувајте ја и јакнете ја. Витални сте.

Стрелец

Сакате на сите да им помогнете. Би било добро да останете со ладна глава и концентриран на моменталните задачи. Продуктивноста ви е на ниво. Сакате нешто ново, нешто ќе ве поттикне. Секојдневноста ве убива. Пробајте медитација.

Јарец

Некои од вас можат драстично да воведат промена во своите одлуки. Сакате да помогнете. Убаво е да работите во заедница, но само ако вие сте шефот. Денеска сте романтични. Вашата околина е изненадена. Среќни се поради тоа, и вашиот партнер исто така.

Водолија

Главата ви е полна со свежи идеи. Остри сте, но и внимателни. Сакате да успеете. Енергијата ви е на завидно ниво и сè оди како подмачкано. Комуникацијата тече во вистински правец. Совршен ден за вежби и ситни работи.

Риби

Обврските кои се повторуваат почнуваат да ве загушуваат. Немате сила, а ниту волја да работите едно исто секој ден. Доколку сакате вашата врска да успее, тогаш дајте повеќе отколку што очекувате да примите. Потребен ви е предизвик.

 

Scroll to Top