Дневен хороскоп за 30 март

Овен

Промените и важните работи кои очекувате да ви се случат денес, нема да стапат на сцена. Многу е важно да бидете трпеливи кога е во прашање работата. Вечерните часови ви се поволни за нова љубовна авантура со личност која ви се допаѓа. На здравствен план имате проблем со притисокот.

Бик

Може да очекувате дека ќе добиете поддршка од блиска личност која ќе ви помогне во реализирањето на идеите кои сте ги зацртале. На љубовен план ве очекува понуда за врска, но постои можност да бидете незаинтересирани. На здравствено поле внимавајте на чувствителните стапала и зглобови.

Близнаци

На деловен план ќе успеете да го остварите она што сте го имале зацртано и ќе бидете горди на себе и своите способности. На љубовно поле, нема да бидете сигурни дали вашиот партнер ќе ги има истите чувства кои што ги имате вие кон него. На здравствено поле имате проблем со притисокот и би ви годела прошетка.

Рак

Во текот на денешниот ден ќе имате мали компликации на работното место. Ќе ви биде потребно време за да ги решите работите. На љубовен план подготвени сте да му покажете на вашиот партнер колку ви е грижа за него и дека сакате да имате стабилна врска. Со вашето здравје немате никакви проблеми.

Лав

Доаѓаат убави моменти за вас на работното место. Наскоро можете да очекувате и унапредување, нешто на кое сте се надевале подолг период. На љубовен план ќе успеете да ги решите сите проблеми кои сте имале со љубомората или недовербата кон вашиот партнер. Немате никакви грижи на здравствен план. Полни сте со енергија.

Девица

Немате доволно доверба во деловниот колектив и поради тоа имате желба некои работи да ги сокриете од вашите колеги. На љубовен план вие сте посветени кон вашиот партнер, но многу ви е важно, тој или таа, на некој начин ги потврди намерите кои ги има кон вас Здравјето ви е одлично.

Вага

Можно е да добиете помош од личност која досега во повеќе наврати се покажала клучна во решавањето на проблемите на работното место. На љубовен план ви се допаѓа личност која сте ја запознале преку пријател, па правите напори за да и се приближите. Со вашето здравје генерално сè е во ред и немате никакви проблеми.

Скорпија

Може да очекувате дека среќата конечно ќе ви се насмее и дека ќе можете да ги решите поголемиот дел од проблемите на работното место. На љубовен план очекувајте да ви се случи ново познанство. Може да очекувате поволен ден за нови љубовни случувања. На здравствен план, поведете сметка за срцето.

Стрелец

Можно е да не сте задоволни со деловното опкружување и дека наскоро ќе почнете да барате нова работа. Пред вас е поволен ден за љубовна авантура, а за оние кои веќе имаат партнер, бидете сигурни дека ќе бидете многу задоволни од моментите поминати со него. На здравствен план, поведете сметка за очите.

Јарец

Не е претерано поволен ден за вашата работа. Ќе имате проблеми и компликации кои не сте ги очекувале. На љубовен план, време е да почнете да се соочите со грешките кои сте ги правеле, занемарувајќи го вашиот партнер. На здравствен план, очекувајте проблеми и болки во стомакот.

Водолија

На деловно поле подготвени сте за важни чекори. Може да се надевате на поволни пресвртници. На љубовен план ве очекува поволна атмосфера со вашиот партнер. Двајцата сте расположени за романтични и нежни моменти. На здравствен план, поведете сметка за синусите.

Риби

Максимално сте посветени на работата и ќе направите сè што можете за да успеете да ја подобрите својата заработка. На љубовен план доколку ви се допаѓа некоја личност која сте ја запознале во претходните денови, наскоро може да очекувате средба.  На здравствено поле, поведете сметка за штитната жлезда.

Scroll to Top