Дневен хороскоп за 31 март

Овен

Чувствувате недостиг на енергија додека ги извршувате секојдневните работи. На љубовно поле размислувате за прекин на врската. Не сте повеќе среќни и сакате слобода. На здравствено поле можна е појава на психоматски нарушувања.

Бик

Ќе ви биде потребно малку повеќе време за да ги завршите сите работи кои ги имате зацртано. Вашиот партнер ќе сака од вас да ја докажете љубовта кон него. Здравјето ви е нарушено и препорачливо е да посетите лекар.

Близнаци

Финансиите ви се нестабилни и тоа ве прави нервозни. И покрај нервозата, обидете се да не правите грешки. Сакате личноста која ви се допаѓа, да знае дека вие сте подготвени за брак. Можете да се надевате на позитивни случувања на љубовно поле. Вашето здравје е одлично.

Рак

Препорачливо е да бидете внимателни да не се пуштате во какви било ризици. Ситуацијата со вашиот партнер станува загрижувачка. Добивате впечаток дека работите се движат во погрешна насока. Здравјето ви е солидно, но препорачливо е да се занимавате се со спорт.

Лав

Денес не сте најдобро расположени, а вашата негативна енергија ќе влијае на работното место. Сакате промена на љубовен план и подготвени сте да влезете во нова љубовна авантура. На здравствено поле имате проблеми со колковите.

Девица

Можно е да очекувате дека ќе се случат некои нагли промени на работа, кои ќе настанат поради несогласувањата со колегите. Ве очекува период во кој со вашиот партнер ќе имате сè почести кавги и расправии. Можни се проблеми со белите дробови.

Вага

Доколку се занимавате со приватна работа може да очекувате подобрување на ситуацијата и голем напредок во текот на денот. Ако сте без партнер, пред вас е шанса да влезете во нова љубовна врска, од која ќе бидете задоволни во иднина. Имате проблеми со вашиот дигестивен систем.

Скорпија

Пред вас ќе се постават некакви пречки, кои нема да можете лесно да ги решите и ќе ви биде потребна помош од соработниците. Може да очекувате контакт со поранешниот партнер, кој ќе посака да ја обнови врската со вас. Можна е и појава на болки во грлото.

Стрелец

Ве очекуваат ситуации кои ќе бидат многу поволни за вас при стартот на новата работа. На љубовен план не очекувајте премногу големи промени. Имате проблеми со штитната жлезда.

Јарец

Денешниот ден не ви е многу поволен што се однесува до работното место. Го посакувате вниманието од личноста која ви се допаѓа, но не сте сигурни на кој начин да допрете до неа. Чувствувате силна главоболка и замор.

Водолија

Полека доаѓа пресврт на работите кој го очекувате веќе подолго време. Можно е да немате добиено доволно внимание од партнерот и да посакувате прекин на врската. Чувствувате малаксаност.

Риби

Имате желба да бидете успешни и ќе направите сè за тоа да го остварите. Уживате во флертовите, но подготвени сте и за нешто посериозно. Со вашето здравје сè е во ред.

Scroll to Top