Овен
Вие сте подготвени на сè и покрај бројните обврски што ќе се појават во текот на денешниот ден. Во секој поглед ќе ги покажете вашата амбициозност и посветеност на ова поле. Подготвени сте за нова љубов. Не сакате премногу да стардата поради минатото. Подготвени сте да зачекорите напред и да ги направите промените. Внимавајте на здравјето. Ќе имате минлива главоболка на почетокот на денот.
Бик
Денешниот ден ќе ви биде поволен за промени во позитивна насока. Ако сте планирале да воведете некои новитети, ќе бидете задоволни. Постои некоја личност за која долго време размислувате, но не ви е лесно да го направите првиот чекор, затоа што имате трема. Внимавајте на здравјето и проблемите и болките кои можат да ви се појават во грбот и мускулите.
Близнаци
Во изминатиот период главниот збор сте им го оставале на другите, но сега сте подготвени да се вратите на голема врата. Потребно е на саканата личност да ѝ покажете дека ви е грижа за неа и дека ќе направите сè што можете за да таа покрај вас биде безбедна. Внимавајте на здравјето и проблемите што ги имате со циркулацијата.
Рак
Немојте да очекувате голем деловен успех во текот на денот. Можно е да имате некои кочници и дека работите нема да се одвиваат онакака како што посакувате. Време е да направите конкретен договор со партнерот, ако планирате раздвижување на бракот и заедницата. Внимавајте на здравјето. Ве мачи заморот.
Лав
Денес е поволен ден за промени, нови акции на деловен план. Посветете им се на своите цели и далеку ќе стигнете. Емотивната ситуција може да се развие во позитивен правец ако бидете подготвени да преминете преку својата суета. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на своите колена.
Девица
Финансиската ситуација би можела да биде многу подобра ако успеете на некој начин да ги ограничите своите трошоци. Тешко покажувате што навистина чувствувате кон личноста до која ви е грижа, затоа што постои некоја доза на несигурност кај вас по тоа прашање. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на консумацијата на витамини.
Вага
Доколку во текот на денешниот ден не направите некакви промени, подоцна некои работи можат да тргнат на лошо. Партнерот очекува од вас некоја доза на љубов. Од друга страна, делувате незаинтересирано затоа што сега односот со него не го гледате како приоритет. Внимавајте на здравјето и чувајте се од алергии.
Шкорпија
Можно е да сакате да го промените работното место, но сè уште не ви е отворена можноста за такво нешто. Дојдено е време јасно да ги дефинирате своите цели со саканата личност. Двајцата сакате да знаете кон што води таквата ваша љубовна приказна. Внимавајте на здравјето и падот на имунитетот.
Стрелец
Доколку бидете претерано импулсивни, можете лесно да предизвикате некаков деловен проблем. Имате голема шанса за ново познанство и почеток на врска со личност која на прв поглед ќе ви изгледа како да е сосема идеална за вас. Внимавајте на здравјето и проблемите со срцето.
Јарец
Сега не сте подготвени за промени на работното место. Можно е да постои некаков притисок врз вас и тоа не ви се допаѓа. Денес е неповолен ден за нови познанства. Можно е да имате некоја погрешна проценка на љубовен план. Внимавајте на здравјето и избегнувајте тешка храна.
Водолија
Доколку сте планирале да им се посветите на обврските кои во минатото не сте ги решиле на време, ова е идеален момент за тоа. Доаѓа време во кое ќе имате шанса да и се посветите на саканата личност и да го поправите односот меѓу вас. Внимавајте на здравјето и избегнувајте ги цигарите.
Риби
Конечно треба да се реализира долго очекуваната деловна соработка. Задоволни сте од околностите во кои се наоѓате. Ова е поволен ден, за оние кои се во брак. Ќе минете убави моменти со вашето семејство и најблиски. Внимавајте на здравјето и почнете да размислувате за диета и слабеење.